На натпреварот за најдобра иновација од областа на обновливи извори на енергија, одржано од страна на Европската комисија, проектот „Strawberry” дрво освои прво место. Изумители на „Strawberry” дрвото е група на студенти од Белградскиот универзитет. Всушност, „Strawberry” дрвото претставува јавен соларен полнач на батерии од мобилни телефони. Овој изум е прогласен како најдобар во категорија на намалување на јавната потрошувачка на електричната енергија.
„Strawberry” дрвото е изложено во близина на зградата на Европскиот парламент. Соларниот полнач има облик на дрво, а околу носечкиот столб поставени се клупи за седење. Првото „Strawberry” дрво е поставено во Обреновац, а за првите 40 дена преку 10.000 луѓе го користеле. Овој полнач ја користи соларната енергија за производство на електрична енергија. Истата ја складира во акумулатори и се искористува за бесплатно полнење на батерии на мобилните телефони. На „дрвото“ се инсталирани 16 приклучоци за полнење на батерии на мобилните телефони, од скор0 сите водечки производители на истите.
Извор: Еко баланс
2 Comments
Hazem Malhas
I am the ex minister of environment in Jordan, Would love to implement your idea in Amman, how can we work together
Предраг Стојковски
More information about "Strawberry tree" on https://senergy.rs/?lang=en