Првин да ви се извинам за лудиот наслов, но во последно време медиумите ги користат бомбастичните наслови за да привлечат читатели, и притоа да (дез)информираат, бидејќи насловот не секогаш го опишува текстот или воопшто не ја сумира пренесената информација. Така на пример неколку медиуми (без потпис на авторите) јавија дека “струјата поефтинува и до 30%”:
https://republika.mk/?p=141066
https://mkd-news.com/strujata-poeftinuva-za-30/
Од контекст е извадена изјавата на г-дин Кочо Анѓушев дадена за Капитал:
“Моментално индустријата плаќа просечно околу 95 евра за мегаватчас, во момент кога цената на европскиот пазар падна и до 45 евра. Со либерализацијата, цената за македонската индустрија ќе биде од 55 до 60 евра за мегаватчас, што значи ќе има намалување на енергетските трошоци на компаниите и за 30%”
Да бидеме појасни, електричната енергија (струјата) НЕМА да поефтини, за најголем дел од корисниците во Македонија, освен ако не се воведи уште една популистичка мерка од страна на Регулаторна комисија. Електричната енергија МОЖЕ да поефтини за големите корисници (146 компании од над 800.000 корисници на ел. енергија) доколку истите се приклучат на либерализираниот пазар (под услов да се случи во април) и да се потрудат да ја набават електричната енергија по поефтина цена. Меѓутоа пазар си е пазар и како секој друг пазар (читај либерализација) може да се случи наместо поефтина да се набави и поскапа струја. Замислете да има поголема побарувача од понуда, па како секој друг пазар, цената на електричната енергија може да се покачи бидејќи сите компании мораат да обезбедат ел. енергија и ќе се порат за понудената на пазарот.
Од друга страна можноста за набавка на поефтина струја во април 2014 нема да ги опфати најголем дел од корисниците во Македонија, а тоа се физичките лица и малите компании, кои ќе имаат ваква опција дури по 2015 година. Како што се одложува почетната либерализација, постои голема веројатност и овој период исто така да се случи подоцна од предвиденото.
На крај да заклучиме:
- Пазарот на електрична енергија во Македонија е во фаза на либерализација која започна со потпишувањето на Атинскиот меморандум и пристапувањето во Европската енергетска заедница.
- Либерализацијата на пазарот за електрична енергија ќе се случува постепено најпрвин од големите купувачи
- Со либерализацијата на пазарот е предвидено во 2015 година сите 800.000 потрошувачи да имаат опција да набавуваат електрична енергија на отворен пазар (голема веројатност да се случи подоцна од предвиденото)
- Набавувањето на електрична енергија на отворен пазар зависи од понудата и побарувачката во моментот на набавка, и многу често може да биде скапо.
- Поради претстојната либерализација на пазарот на електрична енергија, компаниите и домаќинствата мораат сериозно да размислуваат за воведување на мерки за енергетска ефикасност.
4 Comments
micho
dosega se trubese deka imame najevtina struja vo evropa
a sega nadnas
deka ke poevtinela za 30% da vidime
daj boze neka bide
taka
Игор Мишевски
Здраво Мичо,
Прочитај го добро текстот за да увидиш дека реално електричната енергија НЕМА да поефтини!
Поздрав
Иванчо
Здраво, незнам дали е прашањето на место, со либерализацијата на пазарот на ел.енергија дали ќе може домаќинствата вишокот на ел.енергија (произодство на ел.енергија од соларни панели и ветерница…) да го продаваат на пазар? Сега за продажба на ел.енергија треба да се има лиценца, дали и тогаш таа ќе биде потребна? Поздрав.
Игор Мишевски
Здраво Иванчо,
Благодарам за твојот интерес. Во моментот нема таква опција, но ние работиме на една идеја преку која може да се продава ел.енергија од приватни лица. Остави ни твој контакт на Info@energetskaefikasnost.info.
Pozdrav