Сите до сега имате слушнато за разни видови на загадување и сите го поврзувате со загадување на разни видови на отпад, загадување на штетни емисии на гасови и така натаму. Но сигурен сум дека немате слушнато за светлосно загадување. Можеби и сте слушнле, но не знаете со сигурност за што точно се работи.
Во минатите 50 години, направени се големи чекори во поглед на самата техника и технологија на осветлувањето. Ефикасноста на опремата е зголемена, животниот век исто така. Зголемена употреба на надворешното осветлување донесе големи придонеси, но неговата употреба има и свои негативни ефекти.
Неквалитетно проектирано или претерано осветлување може да биде една од причините на разни видови како психолошки, така и еколошки проблеми: се загрозуваат животните циклуси на некои билки и животни.
Астрономите беа први кои што го забележаа овој проблем, бидејќи претераното осветлување ги попречуваа астрономските набљудувања.
Но да разјасниме – самото осветлување не е проблем, проблемот е претераното осветлување. Ова претерано осветлување се нарекува и „несакана светлина“.
Како да го намалиме светлосното загадување?
Пред сè, употреба на соодветна оптика, за да се исконтролира светлосниот сноп и да се насочи кон површината која треба да се осветли. Кога купуваме светилка, треба да водиме сметка за конкретно која намена нѝ треба таа светилка.
Вертикалните површини треба да се осветлуваат од горе, секој пат кога тоа е возможно. Употреба на енергетско ефикасни светилки.
Аголот на максималниот светлосен интензитет треба да биде помал од 70.
Колку светлосното загадување е озбилен проблем, сведочи и тоа дека Хрватска минатиот месец усвои закон за светлосно загадување, каде постои обврска претпријатијата кои водат сметка за јавна расвета, како и локалната самоуправа, да ја прилагодат јавната расвета и расвета на јавните површини, да ја прилагодат кон пропишаните стандарди.