ЕЛЕМ како државна компанија е столбот на енергетскиот производствен сектор и како таков има директно влијание врз развојот на истиот. ЕЛЕМ произведува 96% од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 825 МW произведува 5.000 GW/h електрична енергија годишно, додека од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 538 MW, произведува 1.200 GW/h годишно електрична енергија. Само рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј даваат околу 80 отсто, додека хидроелектраните на АД ЕЛЕМ произведуваат околу 16 отсто од вкупната електрична енергија од домашните капацитети.
Бидејќи ЕЛЕМ мора да го следи трендот на побарувањето од електрична енергија, мора да обезбеди нови капацитети за производство на енергија. Дел од активностите кои ги работи се одвиваат во добра насока инвестирајќи во ветерна енергија како одлична опција на обновливи извори на енергија.
Според инвестицискиот план на ЕЛЕМ, освен повеќе спомнуваните проекти (Луково Поле, Парк на Ветерни Електрани- Богданци , Топлификација на Битола, Могила и Новаци) еден од планираните проекти преставува и Термо Електраната Мариово која е планирано да биде уште еден столб на енергетскиот систем на Македонија.
Локацијата на ТЕ Мариово, според Студијата за
ТЕ Мариово, изработена од страна на
Електростопанство – Скопје во 1979 година, е на
левиот брег на река Бутурица на северниот дел
на јагленовото наоѓалиште Мариово и во
близина на патот Прилеп – Витолиште.
Бидејќи веќе наголемо се дискутира за влијанието на Термоелетраните на јаглен, јасен е еколошкиот аспект на овој проект кој се гради во незагадена средина. Дефинитивно постои отпор на еколошките организации кои се противат (и треба да се противат) на овој проект.
Од социјален аспект, овој проект преставува можност за 500 нови работни места, со потенцијал за вработување на луѓе од Прилеп. Овој аспект треба дополнително да се разгледа, но исто така може да се заклучи дека квалитетот на живот на луѓето во регионот каде се планира ТЕ Мариово, може многу да се намали.
Тезата за исплатливоста на ТЕ Мариово беше поставена на Трибината на Контра Кадар во Битола: „Дискусијата околу РЕК и загадениот воздух во Битола“ каде преставници на ЕЛЕМ – РЕК Битола поставија теза дека електричната енергија од фотонапонски панели е 24 евроценти, а електричната енергија од јаглен е 4 евроценти, што е шест пати поскапа енергија. Да не мешаме баби и жаби, ова беше еден од спиновите што сакаа да го постигнат на самата трибина бидејќи едно е производствена, а друго продажна+субвенционирана цена.
Првин не е точно дека цената на соларната енергија е поскапа, бидејќи цената на оваа енергија е СУБВЕНЦИОНИРАНА со цел да се постигне зголемено производство на енергија од обновливи извори. Оваа мерка им одговара само на првите сочневи електрани кои над дваесет години ќе бидат субвенционирани од државата… кој е резултатот само 6 MW сочневи централи наспроти 900 MW во Грција и 700 MW во Бугарија. Дефинитивно лоша стратегија.
Да се вратиме на основното прашање, дали ТЕ Мариово е исплатлив проект или не? Да почнеме со рудникот Мариово: според направената предфизибилити студија вкупни оперативни трошоци за 32 години технички век – 781 милион евра, поврат на инвестиција и internal rate of return (IRR) : 5.94 % и период на поврат на инвестицијата 18 години. Ниту еден бизнисмен не би инвестирал во проект кој инвестираните пари ќе му се вратат за 18 години. За тие вложени средства можат да се направат повеќе од 600 MW соларни централи.
Од друга страна пак инвестицијата во нова Термоелектрана од 300 MW е планирано да изнесува 400-450 милиони евра . Како за споредба, инвестиција во толкава фотонапонска централа (т.е. дистрибуирани соларни централи, лоцирани на места каде може да се балансира потребата на енергијата (големи потрошувачи и сл.)) би чинела 350 милиони евра, што во наредните години со постојаното намалување на цената на фотонапонслите модули може да биде уште пониска. Ако зборуваме пак за оперативните трошоци, повеќе од јасно е дека истите кај термоцентралата се далеку поголеми наспроти тие за фотонапонските централи.
Ако ги земеме последните пресметки на EIA од 2012 година (US Energy Information Administration) кои се достапни и на Wikipedia излегува дека ако се земат и трошоците за операции и одржување, крајната цена на 1 MWh на достапните технологиите за производство на енергија од јаглен и фотонапонски централи се многу блиску.
Од друга страна постојат два аспекти кои натежнуваат кон фотонапонските технологии, а тоа се:
1. При проектирање на термо електраната МОРА да се примени најчиста достапна техологија, што со натамошниот развој, аспорациите за членство во ЕУ се поголема е веројатноста дека трошоците за инвестиција во ТЕ Мариово секој момент ќе се зголемуваат
2. Цената на фотонапонските модули драстично паѓа, и се очекува тој тренд да продолжи во иднина, со што инвестицијата во фотонапонска централа ќе биде се поисплатлива инвестиција
Овие тврдења се потврдени во извештајот Electricity Generation Costs July 2013, DECC, каде најновите технологии на согорување на јаглен се далеку поскапи од соларните технологии, обичната споредба на сегашниве најевтини технологии и нивна споредба низ наредните години, многу е јасно дека иднината е светла само со сончевите централи.
Од аспект на одржлив развој проектот ТЕ Мариово не држи вода – ниту е исплатлив, ниту пак е еколошки. Иако нуди надеж за нови 500 вработувања, самата инвестиција воопшто не е добра за Македонија. Сеуште не е доцна ЕЛЕМ да се откаже од проектот, и да почне со планови на нови проекти од обновливи извори на енергија.
Извори:
https://www.elem.com.mk/images/stories/objekti/2_Mariovo_MK.pdf
https://see-industry.com/industrial-statii.aspx?br=48&rub=264&id=713
https://www.rmz-mg.com/letniki/rmz60/RMZ60_0161-0166.pdf
https://www1.eere.energy.gov/analysis/pdfs/solar_pv.pdf
Насловна фотографија: https://www.flickr.com/photos/15703353@N03/1699579460/
текстот е првично објавен на mishevski.com
3 Comments
Lovro
Да додадам , централите со фотоволтајци се исплативи , денеска е еднаква како да градите хидроценнтрала, Треба да се комбинира со централа на гас која ќе работи ноќе а преку ден на фотоволтајци
Ivan
Prijatele, vo pogolem del od svetot ( osven onamu kade Zemjata dala topla voda) najgolemiot del od dijagramot za proizvodstvo odnosno potroshuvachka na energija im pripagja na termocentralite. Soncheva energija da, ama koga Shpancite ke gi usovrshat heliostatite i sistemot so kula. Fotovoltaici, mali kolektori, veternici…..seto toa veter u magla ( za kaj nas zboram). Za kaj nas, najdobro reshenie bi bila kombinirana postrojka so bio masa i gas. Chistenje na gjubreto od deponiite i relativno ekoloshko ( SAMO NUKLEARKA E PODOBRO) 😀
Pingback: ЕУ и јагленот: Од страствена љубов до отворена врска