Технома 2013– Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, ќе се одржи од 15. до 19. октомври 2013 година на Скопски саем.
И годинава на Технома ќе се отворат панели и дискусии околу електрониката, енергетиката и воопшто прашањата кој што се поврзани со тематиката на саемот. Овој саем речиси 40 години го следи развојот на индустриското стопанство во регионот, како и напредокот на најновите достигнувања во областа на технологијата и ја интензивира меѓународната размена. Дека оваа саемска манифестација му е потребна на стопанството, говори фактот што целиот расположив изложбен простор на Скопски саем со површина од 12.000 м2 е ставен во функција. За регионалниот карактер потврда се групните учества од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.
На организираните национални претставувања учество ќе земат компании од соседна Грција, Словенија,Хрватска, Бугарија и Италија.
Она што ќе издиференцира една компанија на пазарот е иновацијата. Затоа значителна вредност и збогатување на овој саем се Саемот за занаетчиство и мало стопанство и изложбата на пронајдоци – Макинова, организирана преку Народна техника на Македонија и СПАТУМ.
Дека енергетиката и нејзиното поефикасно и еколошко искористување е предизвик и во земјоделството говори фактот дека сè повеќе земјоделци се одлучуваат за алтернативна енергетика. Оваа година само сегмент поврзан со агромеханизацијата како зеднички дел од Агрофуд и технома ќе биде изложен во дворот пред Управната зграда на Скопски Саем. Во истиот дух, и Прокредит банка ќе прогласи најпроактивен земјоделец, а еден од клучните фактори е користењето на алтернативна енергија во работењето.
Во рамките на Технома ќе има многу индивидуални презентации, организирани од самите учесници.