Иноваторот Ранко Делевиќ, автор на патентот со кој што се чуваат електро уредите од струјни удари, на надморска височина од 1.600 метри изгради мини хидроцентрала. Изумот на енергетичарот Ранко Делевиќ од Беране може наскоро да стане присутен во секое домаќинство. Тој заедно со електро инженерот Радоман Обрадовиќ од Беране, во Заводот за интелектуална сопственост во Белград, во 2009 година го патентира „заштитниот уред од потенцијалот на нултиот проводник“.
За обичниот свет, малиот црвен уред може да се „крсти“ и како заштитен уред од струјниот удар. Струјниот удар се јавува, кога четвртиот, таканаречениот нултиот проводник (жицата) се прекине поради хаварија во мрежата, поради што во утичницата каде е напонот 220 волти јавува меѓуфазен напон од 380 волти и доаѓа до прегорување, односно до хаварија на уредите која што не е мала.
„Апаратот кој што го произведовме во тој момент ја иницира „фидовата склопка“ која ја исклучува струјата во комплетното домаќинство. Додека мрежата не се донесе во стабилна состојба, склопката не се вклучува, па така ни уредите.“, изјавува Ранко, кој што воедно потсетува дека, процедурата на регистрацијата на патентот траеше 3 години.
Благодарејќи на големиот труд и на не така мала инвестиција,Ранко согради и мала хидроцентрала на 1.600 метри надморска висина, со инсталирана моќност од 15 киловати. Централата произведува струја за неколку катуни.
„Системот, по потреба можам да го преместам на оваа место каде што ќе работи со полн капацитет. Исто така, системот на работењето на централата можам да го контролирам и по пат на мобилен телефон“, додава Ранко, кој што додава дека на северниот дел на Црна Гора има доста мали реки, на кој што можат да се изградат мали хидроцентрали.
„Реките се идеални за изградба на мали хидроцентрали, а до нив можат да се изградат и мали рибници. Баш една моја роднина прави една мала хидроцентрала. Овие централи ќе го променат начинот на живеење!“, додава Ранко, кој што првата хидроцентрала ја изгради во далечната 1968 година.
Извор: Б92