Малку луѓе имаат чуено за малата земја Токелау која не е ни држава, туку само – управувачка територија составена од три острови под управа на Нов Зеланд. Се работи за три тропски острови – атоли сместени во Јужен Пацифик со вкупна површина од околу десетина километри квадратни и со популација од околу 1400 жители. А и оние кои имаат чуено за ова мало парче земја ја знаат поради две работи. Првата работа се природните убавини на островите, додека втората работа е бесплатнот домејн .tk кој доаѓаа од оваа земја.
Покрај овие две работи Токелау од пред неполн месец стана познат и по една друга работа по која ќе биди запишан во светската историја. Имено малиот Токелау стана првата земја која се снабдува со електрична енергија единствено од обновливи извори на енергија. За таа цел во последните три месеци беа инсталирани 4032 фотоволтаични панели придружени од 1344 батерии за складирање на вишокот енергија која ќе биди произведена во текот на денот. Додека дополнително енергија ќе биди генерирана од генератори кои ќе работат на биодизел произведен од кокосов орев. Вкупниот капацитет можи да задоволи 150% од вкупните потреби на островот за електрична енергија. Со други зборови оставен е простор за раст на островот како би имало доволно енергија од истите тие извори и во иднина.
Така малата Токелау ги претекна богатите земји станувајќи првата земја енергетски независна од фосилните горива. $7.5 милиони е цената на чинење на целиот систем за производство на електрична енергија од сонцето. До пред почетокот со работа на соларниот систем Токелау во просек трошеше околу $819.500 за увоз на нафта и нафтени деривати од сопствениот буџет. Ако се земи во предвид дека добар дел од почетната инвестиција ќе биди покриен од зелени фондови кои се достапни до нив благодарејќи на намалените емисии на CO2 и растечките цени на нафтените деривати за кои немора повеќе да се грижат, повратот на целокупната инвестиција ќе биди доста брз. Конкретни бројки во моментот не се достапни но според некои математики повратот на инвестиција би бил околу 5 години со тоа што речиси цела опрема доаѓа со многу подолги гаранции и минимална потреба за одржување.
Покрај економската исплатливост имаше уште една голема мотивација за реализација на овој проект. Имено трите мали острови се едни од најпогодените од климатските промени и се наоѓаат само на неколку метра над растечкото морско ниво. Сепак се чини дека малкуте луѓе кои се на овој остров се одлучни да се спротистават на климатските промени најдобро што можат иако нивниот допринос кон нив е мошне мал и од скоро речиси никаков. За разлика од некои од нивните соседи тие одбиваат да размислуваат за дислокација. Тие се надеваат дека и други земји ќе го следат нивниот пример и дека борбата против климатските промени ќе добие нова динамика со која значително ќе се намалат ефектите од климатските промени и дека еден ден нивните острови нема да бидат под вода.