Минатата година, околу стотина илјади тони на градежен материјал е спасено од објектите кој што се рушеа во целиот свет. Еколошките предности на ваков вид на градежен материјал се очигледни. Секој тон на материјал кој што може да се рециклира значи еден тон на материјал кој што не се остава на депонии.
Доколку знаеме колкави количества на отпад се создаваат во текот на изградба и во текот на рушење на градежни објекти (само во САД годишно количество на овој отпад изнесува околу 136 милиони тони), секој напор кој што се прави во намалување на депонии е за секоја пофалба. Но основната причина за рециклирање на градежен материјал е намалување на трошоците за рушење на објектите.
Сопствениците на објекти, имаат логична мотивација да рециклираат што е можно повеќе. Од приклучоци за електрична енергија до апарати за домаќинство, до индустриски машини…секоја зграда има одредено количество на материјали кој што можат да се рециклираат. Водечките компании за рупење се специјализирани за процедури за извлекување на материјали за да го зголемат повратот на инвестицијата.
На станбен ниво, рачното рушење дава најмногу материјал за рециклирање но од друга страна бара доста работа и одзема доста време. Во текот на рушење на индустриските објекти, изведувачите поминуваат низ неколку фази – од собирање на приклучоци, осветлување и друга опрема а завршуваат со преработка на суровини како што е бетонот.
Бидејќи градежните материјали се направени од рециклирачки елементи, кој што се често поевтини од стандардните градежни материјали, постои стабилна побарувачка за рециклирани градежни елементи. Се создава „win-win“ состојба за сите: инвеститорите уживаат во пониски трошоци на изградба, изведувачите ги користат помалку скапи материјали, а сите ние уживаме во помал број на депонии.
Поради овие факти, сосема е разбирливо зошто е рециклирањето на материјалите во текот на рушењето на градежните објекти се повеќе барана услуга, а пет топ материјали кој што имаат најголема вредност се:
- Битуменска шиндра
Кровниот покривен материјал мора да биде отпорен на оган и на ниски температури. Кога се завршува животниот век на покривот. Битуменската шиндра може да биде рециклирана и да се искористи за инфраструктурни проекти – крпење на ударни дупки. Исто така битуменската шиндра, во себе содржи сурова нафта, па така може да се искористи како гориво за цементни печки и други индустриски печки.
- Дрво
Голем број на постари објекти содржат производи од дрво, кој што можат да бидат рециклирани и искористени за нови производи како што се панели, плочи и слично. Рециклираното дрво исто така може да се искористи во изградба на нови објекти.
- Челик
Челикот е еден од најчесто користени рециклирани материјали на планетата од една едноставна причина – не ја губи својата структуралната сила по рециклирањето. Повеќе од 150 години рециклираниот челик се користи во нови згради, мостови, автомобили и други производи.
Рециклираниот челик е поевтин за производство на нов челик. Покрај тоа, рециклирање на челикот предизвикува помала емисија на CO2 отколку производство на нов челик. Во 2008 индустријата на рециклирање на отпадниот метал вредеше 86 милијарди долари во САД и обезбедуваше околу 85.000 работни места.
4. Гипс-картонски плочи
Гипсаните остатоци можат да се искористат за крпење на ѕидови или пак за производство на нови гипс-картонски плочи. Гипсот исто така може да се искористи во градинарството и на крајот хартијата во гипс-картонските плочи исто така може да се рециклира.
Рециклирањето на гипс-картонските плочи е еколошка опција бидејќи не само што го намалува количеството на отпад на самите депонии, туку и поради фактот што гипсот на депониите може да испушти сулфати во водените теково.
- Стакло и прозорци
Како и челикот, стаклото може да биде повеќе пати рециклирано без квалитативни загуби. Секоја тона на стакло кое што се рециклира наместо што се произведува, заштедува еден тон на природни ресурси. Прозорците кој што се спасени од локациите за рушење можат да бидат рециклирани и да се искористат за производство на различни производи, а се од зависност од тоа од што се произведени.
Извор на текстот и фотографијата: build.rs