Топлинските загуби, заради слабата изолација на подот, изнесуваат 10% од вкупните топлински загуби во целиот дом. Топлинските загуби можат да се намалат и до 60% со поставување на топлинска изолација. Доколку температурната разлика помеѓу затоплениот и умерено затоплениот простор е мала (4-5 °C), поставувањето на подната топлинска изолација не се исплаќа. Заради ова изолирајте ги ладните простори.
Топлинската изолација е едноставен начин на намалување на топлотните загуби и да се подобри комфорот на живеење. Дебелината на изолацијата зависи од тоа колку нѝ е ладна просторијата.
Доколку ги изолираме подовите кои се наоѓаат над собите што се догреваат, дебелината на изолацијата изнесува околу 8 cm. Подовите кои се изложени кон надворешниот воздух треба да се изолираат со 10 cm дебела изолација.
На бетонската подлога се поставуваат топлинско – изолациски плочи од експандиран полистирен – стиропор со топлинска проводливост од λ =0,036 W/(mK) и густина од 20 – 30 kg/m3. Дебелината на топлинската изолација треба да се пресмета, но не смее да биде помала од 6 cm.
Изолација на подот кој е свртен кон земјата во веќе постоечки објект не е економски оправдана и не се препорачува, бидејќи ефектите на намалувањето на топлинските загуби се помали од вкупната инвестиција.
*Оригиналниот текст е превземен од: Poticanje energetske efikasnost u Hrvatskoj