Топлотните загуби кои се прават заради лошата кровна изолација изнесуваат околу 10-20% од вкупните топлотни загуби. Покривот има посебна улога во заштитата на градежните објекти, бидејќи го штити објектот од дожд, снег, топлина и ниски температури. Најзастапен е косиот покрив. Честопати просторот под покривот е прилагоден за домување иако не е адекватно изолиран. Во такви случаи топлинските загуби во зимскиот период се големи. Но, исто така, во летниот период се јавува проблемот на прегревање. Ако покривот не е адекватно изолиран, низ него може да помине и до 30% на топлината.
Кровната конструкција може да биде дрвена или масивна, а изборот на покривниот материјал (цреп, лим, цементни плочи итн.) зависи од самиот наклон на покривот и од климатските услови. Без разлика дали се работи за рамни или коси покриви, основното што треба да го направиме е да го намалиме продирањето на дифузната водената пареа од просториите што се догреваат.
Самата топлинска изолација се поставува помеѓу и под гредите. Како изолатор се користи експандиран полистирен. Исто така, мораме да водиме сметка и за проветрувањето на самиот покрив. Доколку имаме лоша вентилација на поткровјето, може да дојде до кондензација на водената пареа. Заради ова се препорачува да инсталирате резервна хидроизолација. Со топлинската изолација на покривот од ~20 cm со вкупен коефициент на топлина од U=0,20-0,25 W/(m2K), годишно можете да заштедите и до 18 литри на мазут или околу 19 m3 на гас по еден m2.
*Оригиналниот текст е превземен од: Poticanje energetske efikasnosti u Hrvatskoj