Доколку сакате да ги намалите трошоците за греење кои изнесуваат и до ¾ од вкупните енергетски трошоци, поставете добра изолација. Ова посебно се однесува на фамилијарни куќи кои се обично без фасада или на оние куќи кои немаат топлотна изолација. Топлинската изолација не само што ги намалува трошоците на греење во зимскиот период, туку и го штити објектот од претераното догревање во летниот период. На ваков начин можеме да го избегнеме купувањето на клима уреди или доколку нѝ се неопходни, нивната потрошувачка на енергија ќе биде помала отколку во неизолираниот објект.
Трошоците за топлотна изолација изнесуваат околу 20 – 25 евра по m2, што изнесува помеѓу 20-40% од вкупните трошоци за адаптирање на фасадата. Покрај заштеда во греењето, изолацијата на надворешните ѕидови ќе ги елиминира проблемите со кондензирањето на пареа (готвење, сушење итн.), а која се јавува заради ниската температура на ѕидот. Топлинската изолација на надворешните ѕидови , го штити објектот од негативните временски последици – влага, ниски температури, прегревање и на таков начин го продолжуваме векот на користење на објектот.
Квалитетот на топлинската изолација зависи пред се од дебелината на изолацискиот слој и од спроводливоста на материјалот λ (W/mK). Како изолациски материјали најчесто се користат камена или стаклена волна и полистирен/стиропор. Голем број на изолациски материјали има спроводливост од околу λ = 0,030-0,045 W/mK. Колку вредноста на овој показател е помала, толку топлинската изолација е поквалитетна.
*Оригиналниот текст е превземен од: Poticanje energetske efikasnost u Hrvatskoj
One Comment
Dragan
Pocituvan,
ve molam za informacija koja e najdobrata kombinacija za nadvoresen zid (Ytong ili tula ili Poroterm ili slicno) i koj materjal e najdobro da se upotrebi kako izolacija i koja debelina?
Isto taka koj da bide zavrsniot sloj, malter i koj vid na malter?
Blagodaram odnapred