Во светот започна трката на производство на уреди за подобро согорување на основното гориво (дизел или бензин) кои користат водород произведен со генератори или “ННО”. Поскапувањето на нафтата ги поттикна научниците да ја усовршат технологија стара десетици години и да создадат уреди со кои сите возила, па така и земјоделските машини да добијат подобро согорување и заштеда на потрошената нафта.
Станува збор за генератор на водород, уред во кој се одвива електрохемиска реакција – електролиза на вода. Ова е од одамна познат процес за добивање гас од водород и кислород. Водородот е најлесен хемиски елемент, без боја, вкус и мирис. Потполно е безопасен за човекот и околината. Уредот НЅ-УЅ е самостоен – користи мала електрична енергија од алтернаторот од возилото и произведува водород кој без складирање под мал притисок оди директно во вшмукувачкиот систем на воздух, од моторот на возилото. Со овој систем без притисок и без резервоар на водород обезбедува беспрекорна сигурност во кои било услови на даденото возило.
Водородот, кога се запалува, согорува 100% побрзо од кое било познато гориво. Во компресиониот простор од моторот, со своите особини, помага за подобро согорување на основното гориво така што го зголемува вкупниот ефект на искористеноста на постојното гориво. Стандардната искористливост на енергијата, бензин или дизел-гориво, изнесува од 60 до 90%, во зависност од техничката современост и вкупниот број работни часови на дадениот мотор.
Со воведување на „ННО” гас во возилото ја зголемувате искористеноста на постојното дизел или бензин-гориво, што резултира со поминување на поголемо растојание со исто количество на гориво.
Сепак големи количини на „ННО” смеса не е секогаш најдобро решение за вашиот мотор. Постои граница преку која не смее да се оди без специјално приспособување на моторот. Освен тоа, за поголемо производство на „ННО” смеса е потребно да се потроши повеќе енергија од алтернаторот, потребен е поголем пресек на водиците (заради јака струја), а и „ННО” генератороте со поголеми димензии и тешко е да се смести во просторот на моторот. Но, постојат и релативно мали „ННО” генератори со минимална потрошувачка на електрична енергија кои можат да најдат примена за земјоделските трактори.
Извор: Моја земја