Почитувани студенти, постдипломци, академски граѓани,
Ве известуваме дека пријавувањето за учество на третата студентската конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ е во тек. Сите заинтересирани млади ентузијасти потребно е да испратат уредно и целосно пополнета пријава за учество најдоцна до 30.9.2015 год. Конференцијата ќе се одржи од 19–21.11.2015 год. во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Сведоци сме на сè поголемата актуализација на прашањата поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој кои се однесуваат на рационално искористување на енергијата и заштеда на енергетските ресурси.
Токму затоа, ни претставува задоволство да Ве поканиме да учествувате и со своите трудови и дискусии да придонесете во остварување на нашата заедничка цел преку размена на знаења и искуства за сите важни прашања поврзани со оваа проблематика
За сите дополнителни информации посетете ја нашата веб-страница www.skeeor.feit.ukim.edu.mk.
Ве очекуваме!