За да се задоволат денешните прописи, сите надворешни конструкции е потребно да имаат термичка заштита. Топлинската изолација ја намалува загубата на топлина во зима, прегревањето во лето, и заштита на конструкцијата од температурни шокови. Топлински изолираните згради се поудобни, и им се продолжува животниот век. Доброто познавање на топлинските карактериските на градежните материјали е предуслов за изработка на енергетски ефикасни објекти. Загубата на топлина зависи од составот на материјалите, ориентацијата и коефициентот на топлинската спроводливост. Колку е коефициентот на топлинска енергија помал, толку е термичката заштита на објектот подобра.
За да се постигне добра термичка заштита на надворешниот ѕид коефициентот на пренос на топлина е препорачливо да биде: U = 0.3 W/m2K. За тоа е потребно околу 10cm камена волна, или 9cm стиропор, во зависност од декларираната вредност на топлинската спроводливост на материјалите.
Видови на топлинска изолација
Најпожелен материјал за изолација е камената волна затоа што тоа е добар изолатор и има способност за дифузија на пареата.
При изборот на материјали за термичка заштита треба освен топлотната проводливост да се земат во предвид и другите карактеристики како што се отпорност на пожар, фактор за отпор на дифузија на водена пареа, цврстина, компресибилност, издржливост, отпорност на влага и др.
Камена волна
Камената волна е добар термички изолтор со топлинска спроводливост помеѓу 0,035 и 0,045 W/mK, што ја прави еден од најдобрите изолатори. Тоа е изолација од материјал со минерално потекло за топлинска, звучна и противпожарна изолација во градежништвото и индустријата. Камената волна има висока отпорност на стареење и распаѓање, и на микроорганизми и инсекти. Се користи за сите надворешни структури како топлотна заштита, и во преградните ѕидови за заштита од звук. Единствено место каде не се употребува е во подрумските ѕидови под земја.
Освен камената и стаклената волна, на нашиот пазар најмногу се користи стиропор и експандиран полиситирен. Поради добрите изолациски својства I= 0.035-0.040 W/mK, ниска цена и едноставна инсталација ова е еден од најпопуларните изолациски материјали. Се користи најмногу као термичка заштита, во сите конструкции, измеѓу спратови. Има многу слаба заштита против пожар за разлика од камената волна, не е отпорен на температури над 80 степени. Често се користи за термичка заштита на ѕидови во подрумот.
Полиуретанска пена
Полиуретанската пена исто така широко се користи, особено при санација на покривот.
Има многу добра топлинска изолација 0,020 и 0,035 W/kM. Има добри својства на влага и температурни промени. Меѓутоа далеку е поскап од првите два материјали и заради тоа не се применува толку често.
На пазарот полека се раѓаат и нови изолациони материјали како што се целулоза, глина, слама, овчка волна, вермикулит, трка, лен итн. Имаат послаба изолациона моќ, па потребни се големи количини. За најдобар избор на материјали за топлотна изолација потребно е добро познавање на особините на материјалите, физичките и хемиските својства, предностите и недостатоците и нивната точна примена.