Голем број на приватни куќи како и на големи станбени згради имаат инсталирани системи за централно греење. Овие системи користат дрво, брикети, мазут, гас како гориво. Доколку имате систем кој користи мазут како гориво треба полека да почнете да размислувате за некој друг вид на гориво.
Според одредени истражувања направени во Хрватска, замена на стари котли кои користат мазут со кондензациони котли кои што користат гас како гориво, трошоците можат да се намалат и преку 30%. Како пример е земена една фамилијарна куќа во Сплит, изградена според важечките прописи за топлинска изолација од 1987 година. Површината на куќата е 150 метри квадратни.
Годишната потрошувачка на топлинска енергија за греење изнесува 12.650 kWh, додека потрошувачката на енергија за догревање на топла вода изнесува 4.754 kWh (дневна потрошувачка 80 литри на топла вода).
Подетално за вкупната инвестиција за замена на стар котел на мазут со природен гас во следната табела:
Годишни заштеди |
2018 евра |
Инвестиција |
6000 евра |
Враќање на инвестицијата |
2,97 години |
Животен век |
15 години |
Годишни заштеди |
30.270 евра |
Колку што можеме да видиме инвестицијата е мошне исплатлива. Но, еден од ограничувачките фактори за реализација на ваков вид на инвестиција е неразвиена мрежа на гасовод, така што наместо гас може да се искористи некој друг вид на гориво како што се дрва или брикети. На овој линк можетеда видите подетални пресметки за заштеди доколку го смените котелот на мазут со котел на некој друг вид на гориво.
*Оригиналниот текст е превземен од: https://www.energetska-efikasnost.undp.hr