ЦИП-от е Програма на Европската унија која има за цел да ја поттикне конкурентноста на европските претпријатија. Програмата се реализира од 2007 до 2013 година и располага со буџет од 3,62 милијарди евра, а наменет е пред сè, за мали и средни претпријатија. ЦИП-от е програма насочена кон одржливиот развој на иновативното претприемништво, ускладен со политиката на заштита на околината, користењето на обновливите извори на енергија, со можност за полесен пристап на финансиските облици за помош и учење на примерите од најдобрата пактика.
Еко-иновациите и Програмата ЦИП, подразбираат сите облици на иновативни активности кои резултираат или чија цел е битно подобрување на заштитата на околината. Еко-иновациите вклучуваат нови производни процеси, нови производи или услуги, потоа нови методи на работење и управување, чие користење или примена ќе спречи или значително ќе го намали ризикот за околината, загадувањето или другите негативни последици од употребата на ресурсите во текот на животниот циклус со сродните активности.
Приоритетни подрачја, согласно политиката на Европската унија се: рециклирање и искористување на отпадните материјали, секторот на градежништво: намалување на потрошувачката на ресурсите и отпадот во производството, прехранбените производи и учинокот при користењето на водата, зеленото стопанисување и “интелигентната” набавка.
ЦИП Повикот за аплицирање е отворен до 8 септември 2011 година, во 17,00 часот.
Главни аспекти на ЕКО Иновациите во 2011 година се од корист за околината, економијата и придонесуваат во проектите за иновациски развој.
На ЦИП Повикот можат да се пријават мали и средни претприемачи од ЕУ27, Норвешка, Ирска, Лихтенштајн, Албанија, Хрватска, Македонија, Израел, Црна Гора, Србија и Турција. Малите и средни претпријатија се дефинирани како правни лица кои имаат помалку од 250 вработени и годишен промет помал од 50 милиони евра или годишна добивка помала од 43 милиона евра.
Европската унија ќе ко-финансира проекти до 50% од вкупниот износ, со посебна напомена дека исти или слични активности кои се финансираат со други фондови од Европската унија, нема да бидат ко-финансирани и со оваа програма. На располагање се вкупно 36 милиони евра.
Партнери за реализација на проекти можете да најдете на преку Проектот
Европски информативен и иновативен Центар во Македонија
Стопанска комора на Македонија.
Главни приоритетни подрачја на ЦИП ЕКО ИНОВАЦИИ во 2011
1. Рециклирање на материјали
Подобрување на квалитетот на рециклирањето на материјалите преку подоброто сортирање на отпадот и методите за третирање на отпадот, градежниот отпад, комерцијалниот и индустриски отпад, и можно рециклирање на отпадот од електричните и електричните опреми и возила, кои повеќе не можат да се користат.
Иновативни проекти кои користат рециклиран материјал или го олеснуваат рециклирањето, усогласување на меѓународните стандарди за производите, напредни барања за дизајн и висок квалитет на потребите на потрошувачите.
2. Одржливи градежни производи
Градежните производи и сродните процеси кои ја намалуваат потрошувачката на ресурсите, вклучувајќи ја енергијата и производството на отпадните нуспроизводи. Тоа го опфаќа користењето на “зелените” градежни материјали, намалување на користењето на суровините и иновативните производствени процеси кои на големо го намалуваат влијанието на околината на градежниот сектор.
3. Секторот на храна и пијалок
Почисти и иновативни производи, вклучувајќи ги методите на пакување и материјалите, процесите и услугите кои имаат за цел поголем учинок на ресурсите. Употребувањето на суровините во прехранбениот сектор во целина, што ги зголемува учинокот и продуктивноста на ресурсите, го намалува био-разградливиот отпад и помага во премин кон био-базираното стопанство.
Почисти и иновативни производи, процеси и услуги кои имаат за цел намалување на отпадот, превенција од отпадот и емисија на стакленични гасови и/или зголемување на стапката на рециклирање и обновување на отпадот.
4. Вода
Водениот учинок на процесите, производите и технологијата, особено на процесите кои не користат вода (water-free).
Третирање на водата и отпадните води: решенија кои пружат поголем учинок и го намалуваат влијанието на околината, како на пример: со помало користење на хемикалии и ресурси, обнова на ресурсите, како што се нутриентите од отпадните води.
5. “Озеленување” на работата
Осмислување, имплементација и пазарно усвојување на иновативни производи и услуги кои ќе го намалат влијанието на околината и ќе го намалат користењето на ресурсите. Проектите би требало да ги следат начелата на интегрирана производна политика, пристапот на животниот циклус и да бидат во склад со различните политики кои се спомнуваат во Акциониот план за одржлива потрошувачка, производство и одржливите индустриски политики.
Проектите можат да се однесуваат на Директивата за екодизајн ставајќи ја во пракса повеќе глобалната еколошка перспектива, за да може еколошкиот учинок на новиот производ да се темели на основа на еко-знакот или на друг акредитиран облик на сертифицирање.
Дополнителни информации и лица за контакт:
Лазо Ангелевски, тел: (02) 3244090 (laze@mchamber.mk)
Софче Јовановска, тел: (02) 3244060 (sofce@mchamber.mk)