Инженерот Игор Царевиќ, во рамките на акцијата „Градиме со срце“ на компанијата „SIP TECHNOLOGY“, со својот тим согради куќа за помалку од еден ден. Истата куќа со површина од 40 метри квадратни ќе биде соградена за една фамилија од Чачак, која што остана без својот дом во поплавите.
Компанијата поседува производен објект во Нова Пазова, а седиштето на компанијата е во Естонија. Церевиќ изјавува дека и во иднина ќе бидат донирани објекти направени од СИП панели, кој што како изјавува, поседуваат одлични термоизолациони и статички карактеристики.
„Предност на ваков вид на куќи е што панелите го преземаат оптеретувањето, не се потребни никакви дополнителни конструкции. СИП панелот може да поднесе оптеретување од 31 тон“, изјави Церовиќ.
Тој нагласува дека куќите направени од СИП панели се поевтини дури и од монтажните објекти, а драстично се поевтини од објектите градени од стандардните градежни материјали.
„Со стиропорот успеавме да го преземеме поголемиот дел на оптеретувањето, а во исто време стиропорот е одличен термоизолатор, така да со еден удир елиминиравме две муви, бидејќи успеавме да го избегнеме дополнителната изолација на објектот“, објаснува Церовиќ.
Според неговите изјави овие панели можат да издржат 70 минути во пожар од 700 степени. Според него за овие објекти не мора да се изградува класичен темел, туку можат да се постават и на железни шипки. Од естетски причини можат да се додаде декоративна фасада.
„Патентот постои уште од 1930 година и е патентиран во Канада, а потоа почна да се шири и во Америка и Русија. Кога е направена ОЗБ плоча во 1980 година, која што се состои од пресовани делови на дрвна градба, патентот доживеа вистински бум“, додаде Царевиќ.
СИП панелите се состојат од изолационен материјал – стиропор, дебелина од 10,15 или 20 сантиметри, кој што се наоѓа во сендвич помеѓу две силни ОЗБ плочи, а во градењето се поврзуваат со дрвени греди. Според направените пресметки, изградбата на ваков вид на објекти изнесува 1/3 од класичната градба.
Извор: b92.net
Извор на фотографиите: Tanjug