Турција планира да во наредните десет години со изградба на две нуклеарни централи стани нуклеарна сила. Првите нуклеарни централи во Турција – „Акуја“ која што е лоцирана во покраината Мерсин на медитеранскиот брег, ќе биде изградена од страна на руската државна компанија „Росатом“
Втората нуклеарна централа ќе биде лоцирана во северната турска провинција Синоп а ќе биде изградена од страна на јапонско – француски конзорциум.
Турција планира да со амбициозната нуклеарна програма, ги задоволи 10% на потребите за електрична енергија до 2023 година и да ја намали зависноста од нафтата и природниот гас.
Турција исто така планира да изгради уште една нуклеарна централа а сето тоа зависи од перформансите на планираните централи.
Од 2012 година Турција почна да ги едуцира своите студенти, поточно околу 600 свои студенти ќе бидат пратени во Русија на обука за нуклеарен инженеринг.