Во минатиот пост претставивме што нѝ е сè потребно за да составиме соларен панел за добивање на топла санитарна вода. Денес продолжуваме со туторијалот. Првиот чекор е да направиме куќиште на панелот. За да го направиме куќиштето неопходни нѝ се следни материјали:
- 2 дрвени даски – 2000 х 100 х 20 mm
- 2 дрвени даски – 1000 х 100 х 20 mm
- 1 дрвена даска – 960 х 100 х 20 mm
- 6 метални L зацврснувачи
- 6 шрафови 20 х 4 mm
- 12 шрафови за дрво 80 х 6 mm
- 1 алуминиумска плоча 2000 х 1000 mm
Прво што треба да направиме е да ги измериме даските и доколку е потребно да ги исечеме на потребните димензии. Одкога ќе ги исечеме даските истите мораме два пати да ги прелакираме со лак кој што е отпорен на временските прилики.
Следниот чекор е да ги составиме овие даски. За оваа намена покрај шрафови, искористете и лепило за дрво. Исто така, искористете ги металните L зацврснувачи.
На делот каде што ќе биде позадината на панелот прицврстете ја алуминиумската плоча. Плочата треба да биде прицврстена со шрафови и не заборавете да ја прицврстите со средната попречна даска на рамот. Откако ќе ја поставиме алуминиумската плоча, нанесете го силиконот на оние делови каде што алуминиумската плоча е во контакт со даската, како на внатрешната страна, така и на надворешната на куќиштето.
Одкога ќе го направиме куќиштето на колекторот, на ред доаѓа да се направи систем на цевки. За да го направиме овој систем на цевки, потребно нѝ е:
- 2 пластични носачи за цевки Ø 22 mm
- 1 бакарна цевка 2000 mm Ø 22 mm
- 5 бакарни цевки 1900 mm Ø 15 mm
- 8 бакарни Т – фитинзи 22/15/22 mm
- 2 бакарни L – фитинзи 22/22mm
- 2 бакарни редукции 22/15 mm
Прво што треба да направиме е да се осигураме должината на бакарните цевки биде прилагодена на димензиите на куќиштето, поточно да бидат точно долги според дадените димензии.
Одкога ќе ги исечеме цевките според дадените димензии, ред е да ги споиме. Спојувањето на цевките ќе го направиме со помош на лемилица. Доколку немате искуство во користење на лемилица, најдете некој кој што ќе ви помогне, ако не сега е шанса да научите да лемите. Кога ќе ги залемиме овие цевки, треба да провериме дали цевките пропуштаат вода.
*Текстот и сликите се преземени од следната брошура: Приручник уради сам соларни колектор
One Comment
dejan
zdravo predrag me interesira za solaren kolektor sto e podobro da se stavi leksan ile pleksiglas blagodaram