Темата е-отпад и рециклирање не е нова или непозната тема на порталот Енергетска Ефикасност. За тоа дека е-отпадот содржи голем број на опасни елементи е познато и веќе е пишувано. За благородните материјали кои ги има во е-отпадот и за рециклирањето на истиот е интегрален дел од речиси секој текст на таа тема. Urban mining или преведенo на Македонски “урбан рудник” е термин кој често се користи за да се опиши процесот на одвојување на сите видови на метали (вклучително и благородните) од е-отпадот се со цел рециклирање или реупотреба на истите. Со оглед дека целиот тој процес се одвива во фабрики кои се сметаат како дел од урбаните средини и тоа што крајниот производ на истите се металите што и цел е на вистинските рудници јасно е од каде терминилогијата го влече своето потекло. Тоа во принцип е основата на она што e во светот познато како urban mining.
Безбројни анализи се правени за неверојатниот економски раст на Кина и како стигна да доминира на светскиот пазар. Евтината работна сила е она што најчесто се слуша од повеќето луѓе, иако секој посериозен аналитичар ќе каже дека во прашање е многу повеќе од евтина работна сила. Фактот дека има доста земји кои можат да понудат евтина работна сила, подеднакво инфраструктурно развиени, некои дури и со помалку корумпирана администрација нудат поголеми поволности а сепак се далеку од економскиот раст на една Кина или Индија кажува дека има нешто повеќе од евтината работна сила. Urban Mining e eден детал кој речиси и никој да не го зема во предвид кога се прават економски анализи на развојните параметри на Кина. Urban mining иако можи да звучи помалку тривијално но сепак е нешто кое мора да се земи во предвид. Далеку дека тоа е големата тајна позади економскиот успех на Кина но сигурно дека игра своја улога. Имено секој просечен средношколец од средно економска насока може да потврди дека достапноста до евтина суровина е нешто без кое речиси да не е можен индустриски развој. За тоа колку суровините добиени преку urban mining влијаат врз економскиот развој на една Кина или Индија речиси и да нема податоци на интернет иако според некои познавачи на проблематиката тоа влијание е значително.
Прашањето кое се поставува од анализата погоре е зошто поголемиот дел од Западните земји го извезуваат својот е-отпад во земји како Кина и Индија иако во него се крие мало богатство. Одговорот е едноставен; затоа што немаат начин како евтино да го рециклираат а притоа да не ги прекршат сопствените еко закони и стандарди кои се донесени со цел да се заштити околината и здравјето на луѓето. Во Кина и Индија факт е дека околината и добросостојбата на работниците не е баш најголем приоритет, благо речено. Самиот процес на одделување на металите, пластиките и се она што нешто вреди а може да се рециклира е доста комплексен и скап ако се пратат сите безбедносни и еко-стандарди. Причините за тоа се пред се што во е-отпадот има големи количини на опасни материјали штетни по човековото здравје. Затоа во голем број на земји овој отпад не се рециклира туку едноставно се продава на земји како Кина и Индија кои го увезуваат во големи количини.