Продолжуваме со написи во врска со заштеда на електрична енергија во Вашиот дом. Денес ќе зборуваме за уреди со „Енергетска ѕвезда“ – ”ENERGY STAR”
Водечките производители на машини за перење се согласија во едно – дека е неопходно да се произведуваат машини кои ќе перат на пониски температури и на таков начин ќе штедат и електрична енергија и вода. Голем број на современи машини имаат функција за пониска температура на перење која содржи заштитни функции како што е “AquaStop” за да се спречи можност за истекување на вода, и систем за посебна еколошка заштеда кој овозможува до 20% помала потрошувачка на прашок за перење.
Кога купувате машина за миење на садови или машина за перење на алишта гледајте дали машината е означено со „Енергетска ѕвезда“. Се наоѓа на самата машина, на картонската кутија во која е спакувана, како и на документацијата која доаѓа со машината. Доколку не ја најдете „Енергетската ѕвезда“, побарајте од продавачот да ви ја покажи.
Запомнете, уредите со „Енергетска ѕвезда” не се нужно поскапи од оние без „Енергетска ѕвезда“! За повеќе информации, погледнете ја Energy Star програмата на Европската комисија.