Имотот вреди пет милиони евра, од што фармата со комплетната опрема вреди еден и пол милиони евра, а постројката за производство на биогас вреди 3,5 милиони евра. Кравите произведуваат 7500 литри млеко, а се молзат од страна на четири роботи и до пет пати дневно.
На модерната фарма на Давор Аџиќ и Давор Бециќ во Тординци, на која што се лоцирани 350 млечни крави, од скора работи и биогасна постројка за производство на топлинска и електрична енергија. Произведената електрична енергија се продава на ХЕП (Хрватско електро стопанство), додека топлинската енергија се користи за догревање на објектот кој што има површина од 2.700 метри квадратни.
Оваа фарма е меѓу најмодерните фарми во Хрватска и покажува дека производството и продажбата на млеко е профитабилна, доколку сами ја произведувате храната за кравите и енергијата.
„Фармата и биогасната централа зафаќаат простор од 3.5 хектари. Вкупната вредност на фармата изнесува пет милиони евра, од што фармата со опремата вреди 1,5 милиони евра, додека биогасната централа вреди 3,5 милиони евра. Парите ги обезбедивме преку ХБОР (Хрватската банка за обнова и развој) со камата од 4% на годишен ниво. За три недели ги собравме документите кој што ни беа неопходни за банката, додека неопходните дозволи и проекти потребни за изградба на централата ги обезбедивме за една година, што е за наши услови рекорден период. Целта ни е да соградиме уште една фарма за производство на млеко, но во исто да го зголемиме количеството на отпадот, кој што ќе го искористиме за производство на биогас. Со ХРОТЕ (хрватскиот оператор на енергетскиот пазар) заклучивме договор на 14 години. Дневно произведуваме 24 мегавати на електрична енергија и истата ја продаваме по цена од 1,20 куни (≈0.16 евра). Потребната електрична енергија за потребите на фармата ја купуваме од ХЕП по пониски цени.“
На самата фарма, кравите имаат слободно движење, а молзењето го прават четири роботи по пет пати на ден. Кравите кога ќе осетат да имаат млеко самите идат кон роботите. На ваков начин, се намалува стресот кај кравите а производството на млеко е поголемо за 25%.
Извор: vecernji.hr