Пред можеби неполна година поставив текст за искористувањето на обновливите извори во земјоделието. Тогаш пишував за инсталирање на сончеви панели кои што ќе ја снабдуваат пумпата за вода со електрична енергија. Денес ќе пишувам за сличен пример, пример кои што е испробан во пракса.
Бранислав Савиќ машински инженер од село Дероње, лоцирано во општина Оџаци, Република Србија, го искористи своето искуство и го реши проблемот на наводнувањето на својот овоштарник. Проблемот го реши така што пред околу 20 години согради ветерница со капацитет од 120 литри во минута. Но оваа прва ветерница не ги задоволуваше комплетните потреби за наводнувања.
И така Бранислав реши да согради уште една ветерница. Потребните материјали –штици, лимови, и друго, ги набавуваше на локалните отпади. И така година по година на собирање на потребни делови, Бранислав направи уште една ветерница. Елисите на ветерницата имаа пречник од осум метри додека самата ветерница беше висока преку 10 метри.
Ветерот го покренува механизмот кој што ја активира пумпата. Капацитет на пумпата изнесува околу 500 литри на вода во минута. Доволно е да брзината на ветерот биде околу еден метер во секунда за да го покрени вкупниот механизам. Исто така на ветерницата е поставен и заштитен механизам кои што го штити вкупниот систем од силните ветрови.
„Ми беше потребно многу трпение, експериментирање се додека не го усовршив работењето на првата ветерница. За втората веќе немаше толку големи проблеми, освен прецизна изработка на сите делови за да ветерницата функционира како што треба. Некогаш во Војводина работеа ветерници кои што се користеа за мелење на житото. Но овие ветерници работеа се до втората светска војна.„ Изјави Бранислав Савиќ.
Подетално за тоа како работи вкупниот систем за наводнување во следното видео: