Инвеститорите се подготвени да вложат 1,5 милијарди евра во изградба на ветрогенератори во Србија, со вкупна инсталирана моќност од околу 1,000 мегавати. Председателката на Српското здружение за ветерната енергија (SEWEA) Маја Турковиќ, вели да во српскота легислатива постојат големи проблеми, кои ја успоруваат изградбата на ветрогенераторите во Србија.
„Србија се уште не изгради еден мегават за производство на електрична енергија од ветер. Морам да речам да Србија е една од три европски земји која нема изградено ниту една централа за искористување на ветерната енергија и ниту еден ветрогенератор приклучен на електро – мрежата„ изјави Маја Турковиќ и додаде да SEWEA представува здружение на инвеститори а не здружение на промотери на ветерната енергија.
Одговарајќи на прашањето кои сен ајпрофитабилните локации во Србија за искористувањето на енергијата на ветерот, Турковиќ рече дека тоа се јужни Банат, јужно Подунавље и пределот околу Неготинската Краина, истакнувајќи дека постои парк на ветар во Инџија, кои се уште се развива.
Турковиќ кажа да српската легислатива и прописите се такви да инвеститорите самите си ја градат приклучната инфраструктура, додека во некои земји како што е Германија, државата ја финансира изградбата на приклучната инфраструктура.
“Инвеститорот треба да се грижи за животната средина, пред сè на заштита на природата, кога станува збор за птиците, нивните коридори, миграција, каде што државата ги насочува инвеститорите да се преселат на локација за изградба на дозволена локација која не го загрозува еко – системот”, објасни таа.
Самиот процес на добивање на дозвола за изградба на ветрогенератор – добивање на градежничка дозвола, испитување на исплативоста на локацијата, трае и до 4 години. Првиот чекор е да се измери исплативоста на ветерот на планираната локација, бидејќи ниту една банка не сака да инвестира додека не се увери во исплативоста на инвестицијата. Тоа значи да потенцијалниот инвеститор мора прво да ја инсталира опремата која ќе ја измери економската исплативоста на ветерот. Тоа е она што банките го бараат. Тоа е период каде морате да вложувате а немате сигурност да ли воопшто го имате проектот или не.
Потоа кога тоа се заврши, инвеститорот ја работи студијата на изводливост, проценката на ветерниот потенцијал, ја изработува планската документација и сето тоа инвеститорите сами го работата во соработка со општините и сето тоа е на ниво на идеен проект и на крај се бара градежничка дозвола.
„Тоа значи да инвеститорот мора да вложи 4 години работа, за да ја добие градежничката дозвола!„ истакна Турковиќ
Преземено од: Б92