Доста тоа е пишувано за ветро-потенцијалот во Македонија; колкав е истиот, има ли економска оправданост да се вложува во овој вид на енергија, кои се пречките за реализација на вакви проекти и сл. Иако речиси секаде во светот ветерната енергија се искористува до максимум тоа не е случај и кај нас иако за наша среќа Македонија располага со голем ветеро потенцијал кој е потврден со егзактни мерења подкрепени со соодветни студиии од реномирани експерти. Со оглед дека тешко се доаѓа до конкретни податоци за одредени микро локации се што можи да презентираме е она што е понудено во стратегијата за обновливи извори на енергија која е изработена во 2010 година.
Според податоците од студијата која е изработена на основа на сателитските снимки од AWSTruewind37 во Македонија се избрани 15 потенцијални локации за градба на ветерници кои се прикажани на сликата. Според таа студија како најповолни локации се избрани во Повардарието, Овче Поле како и некои планински делови каде има високи брзини на ветровите. Во табелата се дадени основни вредности за 15 локации кои според атласот на ветрови се избрани како најдобри за градба на ветерници. Само 3 од овие локации се на надморска висина помала од 1000 метри, додека останатите се над таа надморска висина. 6 од локациите се на надморска висина која е поголема од 2000 метри што ги прави неповолни за градба на ветерници. За секоја од локациите е предвидено градба на ветро паркови со инсталирана моќност од околу 25 MW и Capacity Factor од 0,27 до 0,39.
Од 2006 година се вршат контиунирани мерења на ветро потенцијалот на неколку локации. На нив покрај мерењата на ветро птенцијалот се вршат и метеоролошки мерења. Избраните локации каде се инсталирани мерни станици се:
− Ранавец (Богданци) на 472 мнв,
− Шашаварлија (Штип) на 857 мнв,
− Богословец (Свети Николе) на 733 мнв,
− Флора (Кожуф) на 1730 мнв.
*Неофицијално се вршат мерења на повеќе локации од споменатите од страна на разни субјекти
Според дел од добиените податоци од овие мерења почетните брзини на разгледуваните локации за градба на ВЕ на територијата на РМ изнесуваат од 6,7 m/s до 8,5 m/s. и 20 do 30 MW е предвидена инсталирана моќност по локација. Така според некои пресметки просечното годишно производство на ВЕ по локација кој би била со инсталирана можност од 25 MW e од 30 до 55 GWH. Во моментот во Македонија повластената цена за енергија произведена од ветерна енергија е 8,9 евро центи по киловат час.
Податоците се преземни од стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година