Во живинарската фарма „Везе Шари“ од тетовското село Требош наскоро ќе се произведува електрична енергија од алтернативни извори. Во кругот на фармата е поставен камен-темелник на гасна електроцентрала, која електричната енергија ќе ја добива со искористување на биогас. Инвестицијата е вредна 5 милиони евра. Со неа од кокошкиното ѓубре од фармата и од други отпадоци ќе се овозможи производство на 1 мегават електрична енергија на час.
– За реализација на овој проект во „Везе Шари“ се работеше со години. Покрај домашните, се вклучија и германски експерти, кои ја одредија најдобрата формула за добивање алтернативна електричната енергија, со што ќе се придонесе и за зачувување на околината. Оваа гасна електроцентрала „Електро Шари“ ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко. Ова претставува посебна гордост за сите нас и за нашата земја – рече Арбен Абдурамани, сопственикот на фармата „Везе Шари“.
На поставувањето на камен-темелникот на гасната електроцентрала присуствуваа повеќе министри од Владата, пратеници и претставници од германската амбасада.
Живинарската фарма „Везе Шари“ е формирана во 2001 година, а во неа работат седумдесетина вработени. (З.А.)
Извор: ДНЕВНИК
2 Comments
Mashinec
Какви се тие дезинформации што ги ширите ви јавноста господине Економист дали знаеш за какви единици мерки станува збот во твојот текст? Дали знаеш што значи 1 MW/h да произведеш од животински измет? Треба од 10-15 фарми од тој калибар за да произведуваат 1 MW/h.. консултирај се со стручни лица кога објавуваш такви статии..поздрав
Предраг Стојковски
Господине Mashinec информацијата е преземена од дневниот весник Дневник како што пишува на крајот на текстот. Но очигледно не читате, дури ни тоа што пишува во текстот преземен од Дневник – од кокошкиното ѓубре од фармата и од други отпадоци значи не е само кокошкино ѓубре во прашање. Доколку Ве интересира што користат покрај кокошкиното ѓубре контактирајте ја самата фарма.
Поздрав!