Западноафричкиот иноватор Коџо Афафе Гникоу направи 3Д печатач од 100$ од остатоци од стари скенери,компјутери и принтери.
Снаодливиот 33 годишниот иноватор Коџо Афафе Гникоу, од западноафричката република Того, креира ефтин, DIY 3-D печатач од електронски отпад расфрлан по депониите. Кругот на електронскиот живот: бескорисните парчиња од печатарот станаа начин да се печатат парчиња од други работи!
Гникоу е дел од WoeLab , од градот Ломе , како географ и повремен техничар за одржување . Овие информации за него се поставени на страницата за финансирањето на неговиот проект https://www.ulule.com/wafate/ . Материјалот го добива најчесто од депониите во Ломе , иако тој требаше да купи и неколку делови. Се заедно , на крајот печатачот го чинеше околу 100$ , многу помалку од стотиците и илјадниците долари кои што се потребни да се купи еден таков печатач. Тој за euronews изјави : “Мојот сон е да им дадам на младите луѓе надеж и да покажам дека и Африка има место на глобалниот пазар кога станува збор за технологија.”
Тој и неговиот печатач се дел од овогодинешниот NASA International Space Apps Challenge во Париз , каде што тој предлага да се користи е-отпадот за да се прават 3D печатачи кои што би печателе алатки за да се колонизира Марс.
Извор: www.popsci.com/