Денес, на 5-ти јуни Светскиот ден на животната средина, егзистенцијалната закана по луѓето се климатските промени. По тој повод, СЕЕ СЕП мрежата од ЈИЕ, мрежа на граѓански организации од Југоисточна Европа, ги повикува владите во регионот да дејствуваат брзо и да предложат амбициозни и правични обврски за климатските промени на претстојниот глобален климатски самит во Париз. Ние се согласуваме со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, дека “лидерите мора да дејствуваат„ и дека “мит е дека акциите против климатските промени ќе чинат многу, но пасивноста ќе чини многу повеќе„, како што наведе во ноември 2014 година.
Конечниот текст за новиот климатски договор се преговара оваа недела на Конференцијата на ОН за климатски промени во Бон, Германија.
Кристин Моро, Француската амбасадорка во Србија, најголемиот загадувач во регионот на ЈИЕ, неодамна кажа дека климатската цел на ЕУ од најмалку 40% намалување на емисиите до 2030 се однесува и на земјите кои сакаат да станат дел од Европската унија. Како шеф на ОН за клима, Кристијана Фигуерес искажа дека нема простор за нови централи на јаглен. Што значи ова за земјите од регионот, прашува Гарет Танкосиќ-Кели, директор на СЕЕ Чејнџ Нет од Босна и Херцеговина. “Ако земјите од Југоисточна Европа се усогласат со целите на ЕУ за клима, дали е тоа луксуз кој можат да си дозволат? Јагленот не е “евтин„ и здравствените трошоци јасно покажуваат дека: годишните проектирани здравствени трошоци се движат меѓу 2,3-6,5 милијарди евра во земјите од регионот – Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија [1]. Всушност, јагленот е скапа зависност која ние треба да ја прекинеме, вели Танкосиќ-Кели.
Покрај тоа, Светската здравствена организација (СЗО) неодамна ја презентираше нивната прва студија за трошоците за Европа [2], покажувајќи дека загадувањето на воздухот ги оштетило европските економии за 1.6 милијарди долари и, исто така, предизвикало околу 600.000 прерани смртни случаи и болести во 2010 година. Бројките за ЈИЕ јасно ја покажуваат висока економска цена на смртните случаи од загадувањето на воздухот, што е еднаква на 17% од БДП во Албанија, 20% од БДП во БиХ, 11% од БДП во Хрватска, 20% од БДП во Македонија, 14% од БДП во Црна Гора и 33,5% од БДП во Србија [3].
Како реакција на извештајот на СЗО, Влатка Матковиќ-Пуљиќ од ХЕАЛ (HEAL) вели: “Овој извештај е повик за будење на балканските носители на одлуки во врска со високиот здравствено-економски товар кој загадувањето на воздухот во нивните земји го носи. Со обидот за, и спроведување на силни национални придонеси за климата (INDCs), владите имаат единствена можност да го подобрат квалитетот на воздухот и да го зајакнат здравјето на своите граѓани.„
Ако ништо не е се стори, може да очекуваме да видиме зголемување на бројот на непредвидливи временски непогоди, како што се поплавите што ги зафати земјите од регионот – Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија – минатата година, со што штетата од поплавите од страна на ЕБОР се проценува на 3 милијарди евра.
СЕЕ Чејнџ Нет и СЕЕ СЕП мрежата на граѓански организации од Југоисточна Европа во моментов развиваат енергетски модел за 7 земји од регионот, кој е поддржан од страна на Европската комисија, УНДП и Велика Британија – Одделот за енергија и климатски промени. Трошоците во енергетскиот модел, кои беа предмет на ревизија од страна на експерт обучен од Блумберг, господниот Гај Тарнер од Trove Research, наскоро ќе бидат презентирани и дефинитивно ќе покажат дали е или не е можно да се има енергетско мапирање, кое ќе им овозможи на земјите од ЈИЕ да имаат INDC цели во согласност со стандардите на ЕУ – најмалку 40% намалување на емисиите до 2030 година, и за помалку од сегашното чинење на енергетскиот систем.
Белешки за уредниците:
[1] Извештај Time to Phase Out Dirty Coal in South Eastern Europe: The Hidden Cost We Can Avoid, (СЕЕ Чејнџ Нет, 2013);
[2] https://www.euro.who.int/en/media-centre/sections/press-releases/2015/air-pollution-costs-european-economies-us$-1.6-trillion-a-year-in-diseases-and-deaths,-new-who-study-says
[3] СЗО: Анекс: Економски трошок од смртни случаи од загадување на воздухот (надвор и внатре) по земја, како процент од БДП: https://www.euro.who.int/__data/assets/pdf_file/0008/276956/PR_Economics-Annex_en.pdf?ua=1