Драги пријатели,
Да Ве известиме дека вчера се соочивме со злоупотреба на на нашиот сајт. Имено компанијата која што се рекламира по пат на Facebook (не се знаe името на компанијата) и која што го продава некој си уред за заштеда на електрична енергија, мислејќи дека ќе ја подобри својата продажба или кој знае што веќе си мислеа, го искористи нашето лого, поточно, јубиларното лого за вториот роденден на сајтот за енергетска ефикасност.
По оваа прилика, Ве информираме дека нашиот сајт, уредничкиот тим, нема НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ, со производот кој што се рекламира.
Исто така, по оваа прилика да Ве предупредиме, бидете внимателни, бидејќи на сајтот кој што го рекламира овој производ, нема никакви информации за компанијата која што го продава овој производ, нема никакви контакти информации, НЕМА НИШТО!