Осијечко – Барањска жупанија е лидерска регија во Хрватска по користењето на обновливите извори на енергија. Во оваа регија е изградена првата сончевата централа, првата електрична централа на биогас, како и првата електрична централа на биомаса во Хрватска. Од пред некој ден оваа жупанија стана позната и по прва систем на наводнување кој што ја користи сончевата енергија, поточно, пумпите за вода ја користат електричната енергија добиена од сончевите централи.
Компанијата „Соларни проекти“ од Осијек, го изгради овој пилот проект, со кој што мини сончева централа со инсталирана моќност од 2,5 киловати произведува електрична енергија со која што се напојуваат пумпите кој што ја вадат водата од бунарот кој што е длабок 46 метри. Дневниот капацитет изнесува околу 100 метри кубни на вода. Овој проект не е ограничен за наводнување на житни култури, туку и за наводнување на овоштарници, стакленици, мини рибници и слично. Конкретниот пилот проект ќе го наводнува насадот на пауловнија.
Самиот систем е дизајниран така да биде лесно достапен, применлив, модуларен, надградлив, мобилен и доверлив. Овој систем ја елиминира потребата за дополнителни извори на енергија за наводнување, енергетски е ефикасен, продуктивен, има голем животен век на употреба и еколошки е прифатлив. Бидејќи се работи за off – grid систем, не ви требаат дополнителни дозволи за неговото поставување.
„Вредноста на овој систем изнесува околу 6.000 евра а неговата цена варира од специфичните технички параметри.“, изјави Марино Франиновиќ директорот на „Соларни проекти“ и заменикот на Сојузот за енергетика на Хрватска.
Основните технички карактеристики на оваа централа се: ЕNBEKON сончеви панели (10х250 вати), LORENTZ пумпен сет PS1800 C-SJ87; моќност на пумпата 1,8 [kW]; длабочина на бунарот 46 [m]; подземниот ниво на водата 10 [m]; дневниот проток 100 [m3].
Извор на текстот и сликите: Вечерњи лист