Хрватскиот сојуз за енергетика, го заврши шестото дополнение на Студијата поврзана со состојбата на проектите за искористување на обновливите извори на енергија во Република Хрватска, а врз основ на податоците кој што беа достапни заклучно со 14/08/20014 објавени од страна на Хрватскиот оператер на пазарот на електрична енергија (HROTE).
Во Република Хрватска заклучно со 14 свгуст, работи 995 електрични централи кој што ги користат обновливите извори на енергија, а вкупна инсталирана моќност на овие постројчи изнесува 365,38 мегавати.
Според инсталираната моќност, првото место се наоѓаат 15 ветерници со вкупна инсталирана моќност од 297,25 мегавати. На второ место се наоѓаат сончевите централи, поточно 953 сончеви централи со вкупна инсталирана моќност од 30,04 мегавати, а на третото место се наоѓаат пет когенерациски постројки со вкупна инсталирана моќност од 13,29 мегавати.
Вид на постројка | Број | MW |
Ветерни генератори | 15 | 297,25 |
Сончеви централи | 953 | 30,04 |
Мали хидроцентрали | 5 | 1,45 |
Централи на биомаса | 4 | 7,69 |
Централи на биогас | 11 | 11,13 |
Когенерациски постројќи | 5 | 13,29 |
Централи на отпаден плин | 2 | 4,53 |
Геотермални централи | 0 | 0,00 |
Вкупен број на централи | 995 | – |
Инсталирана моќност (MW) | – | 365,38 |
Во наредниот период се планира изградба на дополнителни 338 постројќи со вкупна инсталирана можност од 500,23 мегавати. Споредувајќи ги податоците од последниот извештај од 16 мај 2014 бројот на изградени централи се зголеми за 128 нови централи со вкупна инсталирана моќност од 48,95 мегавати.
Извор: https://www.croenergo.eu/