Пред неколку дена Хрватската влада донесе програма за енергетска обнова на фамилијарни куќи кој што ќе трае до 2020 година. Основната цел на оваа програма е да се раздвижи градежниот сектор, инвестициите во оваа дејност како и да се подигне енергетската ефикасност во секторот на домување. Според анализата направена од страна на Хрватското министерство за градежништво, се очекуваат инвестиции во вредност од 207,5 милиони куни (околу 28 милиони евра). Планираните инвестиции ќе донесат заштеда на електрична енергија во вредност од 56 GWhв како и намалени трошоци за греење во вредност од 24 милиони куни на годишен ниво.
Покрај енергетските заштеди, оваа програма планира и вработување – директно и индиректно – на околу 700 невработени на годишен ниво. Според направените пресметки, инвестиција од 10.000 куни која што се однесува на изолација на покривот на типична фамилијарна куќа во континенталниот дел на Хрватска, има за ефект заштеда во вредност од околу 4.000 куни на годишен ниво.
„Се работи за низа на програми кој што ќе бидат донесени од страна на Владата. Во план е донесување на програма за енергетска обнова на повеќекатни станбени објекти, како и за енергетска обнова на комерцијални објекти. Оваа година, енергетската обнова ќе биде субвенционирана од страна на Фондот за заштита на природната средина и енергетска ефикасност, додека од наредната година, очекуваме помош и од други ЕУ фондови“, објасни Жељко Улхир заменикот на министерката за градежништво.
Фондот на самиот почеток на месецот март, има распишано огласи за субвенционирање на енергетска обнова на станбените објекти, а за оваа намена на располагање имаат 35 милиони куни. Вредноста на субвенцијата изнесува 40% во вредноста на инвестицијата. Во програмата можат да учествуваат само легализираните објекти, поточно станбени објекти до 400 метри квадратни. Парите од Фондот за обнова ќе се дистрибуираат преку локалната самоуправа и по пат на станбените штедилници. Жупаниите и градовите ќе распишат огласи на кој што сопствениците на објектите ќе конкурираат за парите од Фондот.
Приоритет на за добивање на субвенции ќе имаат објектите кој што се изградени до 1980 година. Предноста ќе имаат објектите кој што се изградени во континенталниот дел на Хрватска, бидејќи трошат повеќе енергија за разлика од објектите кој што се изградени во приморскиот дел. Покрај очигледните енергетски заштеди, енергетската обнова има и еколошка компонента – намалување на штетните емисии на CO2 за 14,500 тони на годишен ниво.