Состанок по повод почетокот на проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион“ ќе се одржи денеска во Охрид.
Целта на проектот е да се зголемат користењето на обновливите извори енергија и енергетската ефикасност во прекуграничниот регион, особено во југозападниот регион на Република Македонија и регионот Корча во Албанија.
Проектот е финансиран од ЕУ како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во соработка со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија, „Албанија ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.
Извор: Курир