Месецот април се смета како месец кога започнува градежната сезона. Вчерашниот ден можеби го демантира ова тврдење, но сепак ова е месец во кој што можеме да размислиме за тоа какви мерки ќе преземаме за да ја подобриме енергетската ефикасност во нашите домови. Обично се работи за поставување како на нова дограма или пак за поставување на топлинска изолација.
Од друга страна, доколку размислувате да изградте нов дом, добро размислите за тоа каков вид на станбен објект ќе изградете – дали куќа според конвенционалниот начин на градење или пак пасивна куќа или пак монтажен станбен објект, или пак ќе се одлучите за објект изграден со нови современи градежни материјали.
Ние веќе повеќе пати пишувавме како за различни видови на дограма, изолациони материјали, така и за различни видови на современ начин на градење.
Па еве, да не пребарувате по сајтот, на едно место најбитни постови за тоа како да ја подобрите енергетската ефикасност во вашиот дом, или пак доколку сакате да изградите нов објект, повеќе за пасивни објекти. Повелете:
Подобрување на енергетската ефикасност:
На што треба да внимавате кога купувате нова дограма
Стиропор како изолационен материјал
Стаклена волна како изолационен материјал
Волна како природен изолационен материјал
Плута како изолационен материјал
Изградба на нов објект:
Обична, нискоенергетска или пасивна куќа?
Изборите поминаа, сезоната започнува, па затоа „сви на своја радна места, нема одмора док траје обнова“ !