Македонија во наредните шест години ќе треба да инвестира 60 милиони евра во интерконекциско поврзување со 400 киловолтни далноводи со Србија, Албанија и Косово како и во нова 400/110 киловолтна трафостаница во Охрид кои се од пан-европско значење. Европската асоцијација на преносни систем оператори (ЕНТСО-Е) предвидува до 2020 година во земјите од Југоисточна Европа да се изградат нови 10.400 километри интерконективни далноводи од пан-европско значење, интегрирани во 21 проект, инвестиции проценети на 4 милијарди евра. Во нив влегуваат и трите интерконекциски врски што требат да се направат во Македонија, како и новата трафостаница.
Ова беше потенцирано на Состонокот на преносните систем оператори од ЈИЕ што денеска се одржува во Загреб под покровителство на ЕНТСО-Е на која се презентира листата на приоритетни проекти кои ќе бидат изградени во 13 земји на ЈИЕ до 2020 година, изработена врз основа на методологија за пресметка на преносни капацитети подготвена од стручњаци на МЕПСО под покровителство на ЕНТСО-Е.
Резултатите, претставниците на МЕПСО денеска ги презентираа пред присутните претставници на преносните систем-оператори од: Словенија, Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Кипар.
МЕПСО како полноправен член на ЕНТСО-Е во април годинава беше избран да изработи методологија врз основа на која ќе направи пресметки за капацитетот на преносната мрежа на земјите од ЈИЕ. Врз основа на добиените резултати е составена листа на приоритетни далноводни поврзувања, одобрена од ЕНТСО – Е за регионот на Југоисточна Европа. Сите овие 21 проект се дел од 10 годишниот инвестициски план за развој на пан-европската преносна мрежа. Претставници на МЕПСО за пет месеци успешно го завршија процесот кој опфаќа: изработка на методологија, пресметки на преносен капацитет и добивање резултати за моделите за бруто преносни капацитети на преносната мрежа на државите од Југоисточна Европа. Моделите се правени врз основа на проекциите за растечките потреби за производство и за потрошувачка на електрична енергија во регионот на Југоисточна Европа.
Извор: 24вести
One Comment
kamer gashi
Kam deshir te jem pjes ekti projekti te madh dhe te kntrboj .
JU FALIMINDERIT.