Во првата фаза се планира изградба на еден објект додека целиот проект предвидува на земјиштето покрај автопатот Тетово – Скопје да има вкупно четири производни хали во кои ќе работат најмалку 500 луѓе.
Инвестиција од 5 милиони евра за изградба на производна хала за ветерни турбини и можност за 100 нови работни места. Ова се придобивките од вложувањето на швајцарската компанија „ЕНФЛО“ во регионот на Желино. Во првата фаза се планира изградба на еден објект додека целиот проект предвидува на земјиштето покрај автопатот Тетово – Скопје да има вкупно четири производни хали во кои ќе работат најмалку 500 луѓе. Целата инвестиција би требало да достигне 20 милиони евра.
„Земјиштето во Бунарџик беше многу атрактивно како пакет понуден од Владата, но ние разгледавме и други фактори што имаат предност, како што се работната сила, пристапноста на регионот и со оглед на сето тоа се решивме да го купиме земјиштето тука наместо да инвестираме во Бунарџик, вели Дирк Сус, генерален директор на „ЕНФЛО“
За вицепремирот Владимир Пешевски ова е уште еден доказ за правилната стратегија на Владата за привлекување странски инвестиции и воопшто за подобрување на бизнис климата.
„Се работи за странска инвестиција која не само што ќе влијае за отворање на нови работни места туку и за трансфер на технологија бидејќи ЕНФЛО во производните погони ќе користи последен збор на технологијата во оваа област што е многу важно за нас како земја бидејќи станува збор и за трансфер на знаење“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер.
Најавите се дека производството на ветерници ќе започне кон крајот на октомври оваа година.
Атанас Соколовски
Преземено од: КАНАЛ 5