Воденото ладење и не е толку револуционарен концепт ако се знае дека уште од 2008 година IBM ги користи предностите на воденото ладење. Сепак, тоа дека не е нова технологија не ја прави ништо помалку значајна и битна во борбата за зголемена енергетска ефикасност кај суперкомјутерите. IBM во соработка со Leibniz Supercomputer Center направи нов исчекор во насока на подобрување на овој вид на ладење развивајќи ладење со помош на вода на нивниот суперкомпјутер. Со помош на овој систем на ладење се остварува заштеда на електрична енергија потребна за ладење од речиси 40% споредено со системите за ладење на воздух. Отпадната топлина потоа се искористува како дел од системите за греење на Leibniz Supercomputing Center со што се генерира дополнителна заштеда од речиси $1.25 милиони евра на нивните сметки за греење. Системот кој е наречен LRZ “Super MUC,” содржи повеќе од 150.000 јадра кои се еквивалент на процесирачка моќ на 110,000 персонални компјутери. Овојо суперкомпјутер благодарение на иновативниот систем на ладење успеа да се искачи на 4-то место на листата на 500 најбрзи суперкомјутери на светот.
Суперкомјутерот е наменет за употреба на истражувачи од речиси цела Европа на кои ќе им биде дозволен пристап до еден од најсилните компјутери во светот. Овој суперкомјутер е дел од Partnership for Advanced Computing in Europe (PRACE) програмата која е спонзорирана од федералната власт во Германија како и од локалните власти во Баварија. Официјално беше пуштен во употреба во Јули оваа година.