Избирањето на сијалица стана покомплицирано бидејќи сега постојат многу различни видови. Некои од новите сијалици кои се дизајнирани да заштедуваат енергија, се исто толку светли како и оние што ги паметиме од порано, но траат подолго и се поевтини.
При избор на сијалица, треба да се внимава на обликот на фасонката, бидејќи постојат неколку видови.
- Бајонет фасонка- се поставува со туркање и завртување. Тие уште се познати како BC, стандардна големина B22d (што се однесува на дијаметарот на фасонката) и B15d која е помала верзија, или позната како SBC.
2. Едисон фасонка- најчесто користен вид на силајица, која се поставува со вртење. Уште познати како ES, со стандардна големина E27 и E14(помала верзија, позната како SES).
3. GU фасонки- исто како и бајонет фасонкисе, се поставуваат со туркање и завртување. Од овој тип најмногу користени се GU10 и 3 уште познати како GU5.3.
ЛЕД сијалиците (LED-light emitting diode) се главен фокус на производителите. Овој тип постои во многу варијанти веќе долго време , но неодамна станаа вистинска замена за домашно осветлување.
- Ниски трошоци и заштеда на енергија
- 30 пати потрајни од обичните сијалици (до 30.000 часа)
- Без штетни материи
- Имаат опција за регулирање на јачината на светлината
- Веднаш по нивно вклучување има 100% искористеност на нивната светлина
Недостатоци при нивно користење:
- Сеуште ги нема на располагање во сите форми и големини
- Најскапи се од новите технологии
Иако ЛЕД сијалиците работат на ниска температура, внатрешното електронско коло се загрева. Затоа е поставен посебен топлински уред кој ќе ја држи сијалицата што е можно поладна, таа сеуште ќе биде топла на допир но не како флуросцентните или халегените светилки.
Халогените сијалици беа развиени по примерот на автомобилски светла, со користење на гас за производство на светлина со помалку електрична енергија.
- Имаат најниска цена
- Имаат опција за регулирање на јачината на светлината
- Имаат ист изглед и форма како и традиционалните сијалици
- Користат 2-25% помалу енергија од обичните сијалици
- Веднаш по нивно вклучување има 100% искористеност на нивната светлина
- Не содржат штетни хемикалии
Недостатоци од нивно користење:
- Имаат повисоки трошоци при нивно користење
- Недоволно ефикасни ( само 20% поефикасни од обичните)
- Краток рок на користење (околу 2000 часа)
Флуросцентни сијалици уште познати како CFL (Compact Fluorescent Lamps) заштедуваат најмногу енергија во споредба со другите.
- Заштедуваат 80% повеќе енергија од обичните сијалици
- Ниски трошоци при користење
- 10 пати подолг животен век- околу 10000 часа
Недостатоци при нивно користење:
- Потребни им се околу 2 минути да достигнат 100% од нивната светлина
- Произведуваат позагушена светлина
- Немаат опција за регулирање на јачината на светлината
- Оставаат траги од жива и треба да се внимава при нивно отстранување
- Поголеми се од останатите, што би значело дека не се соодветни за секаде
Лумени – мерка за осветленост, колку повеќе лумени- толку посветла е сијалицата. Предходно се користеле ватите како мерка при одбирање на сијалица, но сега важно е да се гледа бројот на лумени.
Ова се скали за споредба помеѓу вати и лумени кај обични и халогени сијалици
Вати | Лумени |
25 | 210 lm |
40 | 400 lm |
60 | 700 lm |
100 | 1330 lm |
Вати (халогени) | Лумени |
18 | 170 lm |
28 | 340 lm |
42 | 630 lm |
58 | 850 lm |
Извор:www.diy.com