Во историјата на светот секоја идеологија имаше по еден автомобил со кој се поистоветуваше. Нацистичкиот режим во Германија ја имаше бубата, Американците ги имаа нивните фордови додека Црвените го имаа ни повеќе ни помалце нивниот трабант. А со оглед дека и ние долго време бевме дел од тој систем ја имавме “честа” да се дружиме со трабантот.
Имено за оние кое се родени пред времето на трабантите, трабантот е автомобил кој има каросерија од плексиглас и двоктактен мотор од “цели” 26 KS. Во Источна Германија за нов трабант се чекало петнесет години, така што родителите ги порачувале за своите деца (ова не е мит а не е ни шега). При тоа еден толку мал автомобил беше одговорен за девет пати повеќе загадување споредено со она што го продуцира како штетна емисија денешниот автомобил. За да се наполни овој автомобил со гориво, потребно било да се подигне хаубата, да се стави горивото па да се измеша со масло.Веројатно повеќе вицеви се напишани за трабантот одколку за Чак Норис.
Сепак сето тоа е оставено назад во минатото затоа што трабантот се врати на новата сцена и нема баш многу сличности со оној трабант кој го знаеме. Имено како што го видовме новото фичо и новата буба така дочекавме да го видиме новиот трабант. Но за разлика од нив новиот Trabant NT е изведен како електрично возило кое има 60 KS и кое може да помине со едно полнење 160 km. Од останатите податоци се знае дека ќе има максимална брзина од околу 130 km/h. Се очекува да влези во сериско производство во 2012 година.