Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во 2009 година покрена проект под име WeBSEFF – Western Balkans Sustainable Еnergy Credit Line Facility. WeBSEFF проект е проект поддржан од страна на Европската комисиа и Фондот за западен Балкан. Земјите кои се опфатени со овој проект се:
Србија
- Босна и Херцеговина
- Црна Гора
- Македонија
Проектот обезбеди 60 милиони евра за финансирање на проекти за енергетска ефикасност и за искористување на обновливи извори на енергија, кои ќе се пласираат преку деловните банки. Исто така предвидени се подстицајни средста-грантови во висина од 15-20% по реализирање на инвистицијата
Целите на проектот се:
- Обезбедување на долгорочни парични средства за инвестирање во енергетска ефикасност и во обновливи видови на енергија (без обртни средства)
- Олеснувања за мали и средни претпријатиа во колку иинвестираа во оддржлива енергија
- Промовирање на оддрживост и конкурентност на индустрискиот сектор
- Изградување на капацитети кај локалните банки за проценка и финансирање на инвестиции во област на оддржлива енергија
- Обезбедување на поддршка на компаниите кои ќе се одлучат на инвестирање во оддржлива енергија
Во Р. Македонија средствата се пласираат преку Охридска банка а.д. Скопје, НЛБ тутунска банка а.д. Скопје, Халбанка а.д. Скопје. Услови на финансирање се следни:
Максималната вредност на проектот е до 5 милиони евра
- Учеството на компаниат која ја реализира инвестицијата е минимум 15% од вкупната вредност на проектот
- Износ на кредитот од 100.000 – 2 милиони евра
- Рокот на враќање е 5 години со максимум 2 години грејс период
- Инструмент на гаранција е во склад на деловната политиката на банката која го пласира кредитот
- Бонус – грант е во висина од 15-20% од износот на реализираниот кредит
Повеќе за проектот на следниот линк
2 Comments
Vlatko
Linkot poveke ne postoi 🙁
Предраг Стојковски
Сега проверив линкот работи.