Во вчерашниот пост за изолација на ѕидовите спомнав YTONG блок. Не знам колку сте запознаени со овој вид на градежен материјал, но во овој пост ќе се потрудам да ги објаснам основните карактеристики на овој блок.
Историјат
Големата економска криза во 30 години на 20 век, ги поттикна научниците да пронајдат материјал кои ќе ги задоволи потребите на градежната индустрија и во исто време да се намали увозот на градежните материјали. Научниците од Шведска беа најуспешни во ова. Имено, тие бараа материјал кој што може лесно да се произведе, со помалку енергија и од домашни суровини. Во исто време бараа материјал кој што ќе има исти позитивни карактеристики на дрво. Новиот материјал требаше да биде еколошки прифатлив, со добра звучна и топлинска изолација, отпорен на земјотреси и оган. Во 1923 шведскиот архитект Аксел Ериксон го пронајде материјалот кој што ги поседуваше сите горе спомнати карактеристики. Поради својата ќелиска структура доби име поробетон. Овие ситни ќелии коишто се исполнети со воздух, на поробетонот му дава специфичен изглед и единствени карактеристики.
Првата индустриска линија за производство на поробетон започна со работа во 1938 година во Yxhult, Шведска. Со комбинација на името на градот и името на новиот материјал се создаде најстара трговска марка во индустрија на градежни материјали – YTONG.
Процесот на производство
YTONG се добива од природни суровини како што се: цемент, гипс, кварцен песок, вар, вода и прав од алуминиум. Поради самиот состав на овие блокови, тие немаат негативни влијанија на човековата средина, ниту на луѓето кои што живеат во куќи направени од овој материјал.
Основните суровини кои што ги споменавме погоре се мешаат и добиената смеса се поставува во калапи. По реакцијата на основите суровини со алуминиумскиот прав, се ослободува водородот кои што му дава специфична порозна структура на YTONG блоковите како и одлични термо – изолациони карактеристики.
Од кога смесата ќе се постави во калапите, тие понатаму одат во посебна комора каде што стојат 2 и пол часови на температура од околу 40 °C. После печењето, материјалот е спремен за сечење. Кога ќе се исечат, овие блокови одат на дополнително греење, каде што го чекаат наредниот процес – хидро термална обработка на материјалот, којшто се одвива под висок притисок и при висока температура (12 бари и температура од околу 190°C).
Карактеристики
Како што спомнавме во вчерашниот текст коефициентот на топлинската спроводливост на YTONG блок изнесува околу 0,30 W/m2K. За подетални карактеристики на овој материјал погледајте ја сликата:
Кога го спремав овој текст, на голем број на форуми, како и на бројни сајтови на производители на овој вид на блок, прочитав дека поради квалитетните термички карактеристики, нема потреба за дополнителна топлинска изолација. Но од друга страна, компаниите кои што градат објекти од овој материјал, препорачуваат дополнителна изолација, особено за објекти кои што се градат во континенталниот дел. Покрај добрите топлински карактеристики, YTONG блоковите имаат исто така и добра звучна изолација. Исто така како предност на YTONG се наведува и побрза изградба на објекти, доколку се користат овие блокови.
Но покрај овие позитивни карактеристики YTONG има и одредени недостатоци. Пред се цена. Цената на овие блокови е повисока за разлика од конвенционалните градежни материјали – обичен блок, тула,….итн. Исто така според некои истражувања, YTONG блоковите, како и други слични производи (сипорекс) содржат поголемо количество на радиоактивни супстанци – радон.
За YTONG блоковите овде ви претставив неколку информации во кратки црти. Доколку сакате да видете како се гради објект од овие блокови посетете ги следните страни:
3 Comments
ice
Се е добро објаснето, но погледни ги клипчињата кои ги имаат поставено ксела бугарија на јутјуб, ќе увидиш дека земјата е порадиоактивна отколку итонг блокот. За сипорекс не знам. Јас летово сам си изградив куќа со 30цм термоблок ExtrA+ D350 и немам потреба од додатна изолација, едноспратна куќа. Можеби е скапо како што велиш погоре, ама пресметај со 25цм цигла, па стиропори, па внатрешни малтери по 3-4 см, пак ќе ти искочи исто. И внатрешните преградни ќе ги изградам од 15цм итонг блок.
ile
мНОГУ ДОБРА ОПЦИЈА НО СЕПАК РАДИОАКТИВНОСТА Е ПРИЧИНА КОЈА НЕ МИ ДОЗВОЛУВА ДА РАЗМИСЛУВАМ ЗА ДА ГРАДАМ.
termoblok.mk@hotmail.com
Сличен производ на Ytong >Termoblok Tula Која не содржи радиоактивни состојки , односно е составена од Кварцен песок , цемент , индустриска пена. Цената е 70 евра по м3 .
За повеќе информации https://termoblok.com.mk/ или 077 900 345 .
За веродостојност на овие информации ги имаме сертификатите кои се направени во стара загора во бугарија како и многу сајтови од русија , украина , германија( пена бетон ) .
Веќе е започната употребата на овој производ на неколку локации низ македонија како што се спортски сали (владините проекти ) и приватни објекти