Уште четири дена до крајот на светот кој што познаваме. Имено како што велат Маите, на 21/12/2012 година ни доаѓа крајот на светот, поточно тие до тогаш го направија својот календар. Е сега да ли престанаа да го прават календарот поради оваа катастрофалната дата, или пак на нивните астрономи му беше досадно да прават календари или нешто слично, тоа е веќе друга работа. Каков ќе биде тој крај (доколку воопшто ќе се случи)? Да ли ќе имаме големи потопи, како што беше библискиот потоп, да ли ќе имаме големи земјотреси кој што ќе го уништат светот, или пак ќе се соочиме со ужасни болести како во серијата The walking dead? Без разлика каква катаклизма ќе се случи (ако се случи), доколку ја преживеете ќе се соочите со следното: ќе го изгубите својот дом, прекин на класичното водоснабдување, на класично производство и дистрибуција на храна, комуникација, телевизија….без ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА!!!
Значи ќе немаме струја со која што до ни го овозможуваше нашето живеење. Ниту за осветлување, ниту за греење, ладење, функционирање на електричните апарати ….. Како ко за малер катаклизмата ќе се случи во зимскиот период, така да она што првин ќе ни биде потребно е да се загрееме. Значи ќе требаме да научиме како да направиме оган. Огнот ќе не загрее, ќе ни даде светлина и со него ќе можеме да зготвиме нешто. Е сега како да го направиме огнот? Немаме кибрити, немаме чакмак, но затоа имаме камен, поточно камен кремен или пак да чекаме некаде громот да удри во некое дрво за да го добиеме огнот. И во овие пост апокалиптични услови мораме рационално да се однесуваме. Кога завршиме со готвењето, греењето или пак осветлувањето угасете го огнот :).
Втора работа е осветлувањето. Немаме електрична енергија па и да најдеме некаде електрични светилки нема да ни завршат работа па затоа треба да научите да ги одгледувате пчелите. Тие покрај медот кој што можете да го искористите наместо шеќер, ќе ви дадат восок кој што можете да го искористите за производство на свеќи. Општо е познато дека свеќите кој што се направени од природниот пчелниот восок побавно горат отколку парафинските свеќи. Втора работа е да научите да ги одгледувате овците. Тие покрај млекото, млечните производи и месото ќе ви дадат волна, кој што е одличен изолационен материјал. Одма поврзано со одгледување на пчелите и овците, ќе треба да научите да одгледувате пченица или некоја друга житарка. Првин ова ќе ви биде потребно за да добиете брашно за производство на леб, за исхрана на домашните животни, како и за добивање на слама која што може да ви послужи како гориво и како одличен изолационен материјал.
Ко спомнав изолационен материјал, тоа значи дека ќе морате да научите да градите објекти за живеење. Ние неколку пати зборувавме за објекти направени од слама. Исто така во горниот текст спомнав за гориво. Како гориво можете да го искористите дрвото, сламата или некој друг обновлив извор. Секако дека ќе се соочите со отпад, како ваш така и од отпад создаден од страна на домашните животни, истиот можете да го искористите за добивање на биогас или пак за добивање на компост. Исто така можете да си направете преса со кој што ќе ги произведувате брикетите. Истите нема да бидат од некој голем квалитет но еве еден совет – правете ги во период април, мај и ќе го имате целото лето за да ги осушите.
Исто така ќе треба да ја одржувате основната хигиена, ќе имате потреба за топла вода. Ние веќе објавивме неколку туторијали за тоа како да ја искористите сончевата енергија за добивање на топла вода. Но сончевата енергија можете да ја искористите и за готвење, сигурно во пост апокалиптичниот период ќе најдете картон и алуминиумска фолија за да направите шпорет кој што наместо дрва ја користи сончевата енергија. Истата ќе можете да ја искористите за добивање на топлинската енергија….
Еве ова беа неколку совети за тоа како да се снајдете доколку ни се случи катаклизмата за која што зборуваа древните Маи. Научете ги предложените вештини, како и некој други вештини и можете слободно да ја запеете следната песна: