Куќи со нулта енергија – zero-energy house
Куќи со нулта нето енергетска потрошувачка и нулта емисија на јаглрод диоксид се нарекуваат куќи со нулта енергија. Нулта нето енергетска потрошувачка значи дека овие куќи можат да бидат независни од електроенергетската мрежа, но во пракса ова значи дека во одредени временски периоди овие куќи се приклучени на мрежата, додека во други временски периоди произведената енергија во овие куќи се враќа во електромрежата. За да се постигне ваков режим на работење, електричната енергија се произведува во рамките на овие куќи и тоа од обновливи извори на енергија.
Постојат неколку детални дефиниции за ваквите видови на куќи, но најголемите разлики помеѓу дефинициите се во рамките на Европа и Северна Америка.
- Нулта нето потрошувачка на енергија во рамките на објектот (net zero site energy use). Ваков вид на куќи, произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија и еднаква е на онаа количина на енергија која се троши во рамките на овие куќи. Вака во С.А.Д се дефинираат куќите со нулта енергија;
- Нулта нето енергетска емисија (net zero energy emissions). Надвор од С.А.Д. и Канада, куќите со нулта енергија се дефинираат како куќи со нулта енергетска емисија, поточно како куќи кои не емитираат јаглрод диоксид. Акцентот е значи ставен на емитирање на штетни гасови;
- Нулта нето цена на енергијата (net zero cost). Во овие куќи цената на купената енергија е избалансирана со цената на енергија што се продава, а генерирана во рамките на објектот. Ваквиот статус на куќата зависи од самиот дистрибутер на електричната енергија;
- Нулта потрошувачка на енергија надвор од објектот (net off-site zero energy use). Според оваа дефиниција, куќи со нулта емисија на енергија се оние куќи кои купуваат електрична енергија добиена од страна на обновливи извори на енергија;
- Одвоени од мрежа (off-the-grid) се оние куќи со нулта енергија кои не се приклучени на каков било извор на енергија, кој не е во рамките на објектот. Ваквите куќи бараат одредени капацитети за складирање на произведената енергија од обновливи извори.
Заклучок
Енергетската ефикасност е многу значајна, а во иднината ќе биде уште позначајна. За да ја реализираме енергетската ефикасност, мораме да се прилагодиме кон новите извори на енергија и на нови начини на штедење на истата. Енергетски ефикасни објекти се само еден дел во глобалната енергетска ефикасност. Денес во светот постои мал број на енергетски ефикасни објекти, но со секој изграден енергетски ефикасен објект добиваме нови искуства за да изградиме уште поефикасни објекти.
One Comment
Васе Кралев
Дали во Р.М. има регулатива и овластени куќи кои даваат сертификат за енергетски ефикасна куќа, и дали постои програма на некој начин на субвенционирање на такви индивидуални куќи, имајки во предвид дека таквиот тип на градби е поскап и самата разлика во цена се споредува со зголемената потрошувачка за објекти кои не се градени по тие стандарди.