About the author

Related Articles

One Comment

  1. 1

    Игор Мишевски

    Обично се согласувам на критиките упатени кон државата, и се согласувам со сите точки освен со точката 2. Имено екој што почнува проект на соларна централа, знае дека веќе има субвенција на откупната цена, и поради тие поволности, не можат да земаат грант од некого бидејќи тоа би било двојно финансирање. Доколку се работи за изработка на студии и проекти, тука исказот е точен, бидејќи иако постојат средства кои можат да се користат за вакви активности, тие остануваат неискористено.

    Е сега за реализаијата ја би додал една нулта (0) точка која мислам дека е пресудна. Тоа е алчноста на првите носители на лиценци. Имено три од проектите за сончеви централи ги имам проучено, сите три имаат незаокружена финансиска конструкција, т.е. немаат доволно пари да ги дореализираат проектите. Причините се следниве, една од трите централи е готов бизнис кој се продава на некој инвеститор кој ќе може да инвестира во проектот. Имено оваа компанија ја зела лиценцата за субвенционирана цена на струјата, за да може подоцна да го продаде целиот бизнис, поради ограничената количина на лиценци по kW. Тука се работи за класична алчност, бидејќи бев посредник за еден чешки инвеститор, кој буквално рече: „Вие Македонците сте луди, ако централа со лиценца не почне да работи веднаш, автоматски оди во загуба“.

    Другите две централи по мои сознанија бараат дополнителни средства да ја заокружат рамката на инвестицијата за да започнат со реализација. Меѓутоа мое мислење е дека ова одамна требало да го направат.

    Значи, колку и да не чинат условите во државата, претприемачите се тие кои треба да се изборат и да го истуракаат проектот до крај. На пример, претходноспомнатиот чешки инвеститор, беше спремен да изгради пат до 5 км за пристап на камионите кои ќе ја носат опремата. Како држава „зелени“ (незрели) сме и за бизнис и за обновливи извори, но се надевам времето ќе не научи 🙂

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency