Поради зголемениот интерес на граѓаните за вградување сончеви колектори во своите домови Министерството за економија и годинава продолжува со субвенционирање на домаќинствата, бидејќи со овие колектори, користејќи ја сончевата енергија, ќе овозможат затоплување на санитарната вода. За таа цел од Буџетот за годинава се одвоени 6 милиони денари, при што од овие пари ќе се надоместат 30% од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски, односно по 300 евра во денарска противвредност по домаќинство.
Како што информираат од ресорното министерство, со тоа ќе се овозможи сончевата енергија како обновлив извор на енергија да се користи за домашни потреби и со тоа да се штеди друг вид енергија.
– Годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом за 8 месеци заштедува околу 2.400 киловат-часови струја, а тоа на годишно ниво е 8.400 денари – информираат од Економија. Доколку сите домаќинства во земјава, а ги има околу 600.000, инсталираат соларен термален колектор во својот дом, годишно ќе се заштедат 144.000 мегават-часови, односно 5 милијарди и 40 милиони денари.
Најмногу корисници на сончевата енергија има во Прилеп, Штип, Гевгелија и Битола.
Субвенционирањето започна во 2007 и 2009 година кога на 500 домаќинства им беа одобрени 9 милиони денари за исплата на субвенции за купени и вградени сончеви колектори. Лани вакви субвенции беа обезбедени за 420 домаќинства.
Преземено од: ВЕЧЕР
4 Comments
Miki
Kade mozeme da se informirame kako odi postapkata za apliciranje i slicni informacii?
Pozdrav
Green4life
Во првиот момент кога ќе дознаеме повеќе детали ќе објавиме на блогот
Valentina
Kade se podnesuvaat dokumentite(do koe ministerstvo ) i od koja data ke moze da se podnesuvaat i slicni korisni informacii
Предраг Стојковски
Здраво Валентина,
Субвенциите идат преку Министерство за економија, така да и самото аплицирање иди преку ова министерство. На нивниот сајт имаш контакт информации: https://www.economy.gov.mk/