На трибината за загадувањето во Битола која што беше одржана пред околу 3 недели, на кусо се спомна и прашањето за студијата за соларната енергија и господинот Спиро Мавровски од РЕК Битола, изјави (парафразирам)„Сончевата енергија е супер ама затоа скапо ќе ја плаќаме таа енергија…сите полиња ќе се прекријат со ФН панели па ќе останеме и без храна…“
Па да ги разбиеме овие предрасуди.
Првин да разјасниме нешто – електричната енергија е производ кој што се продава на пазар. Значи си има своја производна цена (цена на чинење) и своја пазарна цена. Кај електричната енергија добиена по пат на користење на обновливите извори на енергија имаме уште една цена – feed in тарифа или да кажеме стимулирачка, субвенционирана цена на електрична енергија, која што е поголема од пазарната цена на електричната енергија. Зошто кај електричната енергија од обновливите извори се јавува и оваа субвенционирана цена?
Да се вратиме малку во историја. Со нафтената криза во седумдесеттите години на минатиот век се впали и црвената светилка – светот постана конечно свестен дека не можеме вечно да се потпираме на фосилните горива, треба да се најде алтернатива. Алтернативата се обновливите извори на енергија. Во тоа време се уште немавме развиено технологија која што може рентабилно/профитабилно да ги искористува овие извори на енергија.
Од овие причини уште во далечната 1978 година американскиот претседател Џими Картер го потпиша Националниот акт за енергија (NEA) кој што ги воведе feed in тарифите за искористување на обновливите извори на енергија. Целта на овие тарифи е едноставна – со високите откупни цени да се надмини недостатокот на технологијата поточно да се подобри рентабилноста на инвестирањето во обновливите извори.
Европејците чекаа 10 години да се воведат feed in тарифите. Првите можете да погодите почнаа Германците. Имено во 1990 година германската влада го усвои актот наречен “Stromeinspeisungsgesetz” (StrEG). Денес во Германија откупната цена на електричната енергија добиена по пат на користење на сончевата енергија се движи од 13.1 до 18.92 ct/kWh. Подетално за feed in тарифите во Германија на следниот линк.
Со развојот на технологијата се подобруваше и продуктивноста на опремата, па и самата инвестиција стануваше се порентабилна. Од тие причини сите држави кој што ги воведуваа feed in тарифите почнуваа полека да ги намалуваат па и да ги елиминираат.
Денес цената на опрема која што ги користи обновливите извори на енергија за добивање на електрична енергија станува се поевтина, така да нема ни потреби за воведување на субвенционирани цени.
Но како тогаш се прашувате ќе се надоместат фосилните горива или како ќе ја постигнеме целта од 20% учество на обновливите извори на енергија во вкупното производство?
Едноставно – дадете ја слободата на граѓаните и на стопанството да без користење на лиценци поставуваат централи за производство на електрична енергија а потоа самите да одлучат дали таа енергија ќе ја искористат за свои потреби или пак да ја продаваат слободно на пазар. Дозволете им на граѓаните или пак на стопанството да се здружуваат во енергетски задруги и да како и секој друг производ ја продаваат електричната енергија.
Колку е падната цената на опремата за искористување на обновливите извори на енергија, ќе го земеме пример на фотооволтаичните панели. Кога се појавија во педесеттите години на 20 век истите коштаа околу 1500 долари по ват на инсталираната моќност. Денес истите коштаат околу 2-3 долари по ват. Според денешната цена на електричната енергија во Македонија, инвестицијата во еден домашен фотоволтаичен систем се враќа за 5 години – значи без да ја користите feed in тарифата.
И за крај митот дека ќе останеме без жито, бидејќи ќе ги поплавиме македонските ниви како со фотоволтаици така со ветерници и слично. Фотоволтаиците можат да се постават на покриви, на фасади, како тенда и слично, без да се поставуваат на ниви.
3 Comments
Ловро
Мислам дека нема смисла да се дискутира со господинот Спиро, тоа што го вели тоа е безвезе.Денеска изградба на фотоволтајчна централа ценовно е равна на изградба хидроцентрала дури по ефтино,Македонија го има сонцето на знамето ама и во големо изобилство на небото, треба да се искористи.Во Македонија постојат многу места кој не се погодни за земјоделије ,карпести песокливи камени на кој скоро ништо не вирее тамо ќе се градат фотоволтајчни централи.А во крајна опција зашто и да не се градат и во поле ако се пресмета дека фотоволтајците носат повеќе приход од жито па струјата ја извеземе или не увезуваме за наши потреби со тие пари ќе купиме жито каде е ефтино крајно време е еднаш да станеме прави патриоти а не да мислиме само за своите лични интереси.
Jas
Tocno za pari ke kupime zito kade sto e evtino ,no parite ke gi zemat nekoi vo druga drzava an nasite zemjodelci ke nema sto da rabotat a strujata tie ke ja platat dali direkno ili indirekno , znaci parite namesto da ostanat kaj nas nie so niv ke razvivame zemjodelie vo nekoja druga drzava . Za zemjisteto da seslagam deka ima neplodno na koe moze da se gradat polina so soncevi paneli , no dali nekoj znae da kaze kade vo RM ima napraveno paneli na neplodno zemjiste ,jas tie stogi znam site se napraveni na plodno zemjiste koe moze da rodi bilo koja zemjodelska kultura , nie site jademe od zemjodelieto nikoj ne jademe struja ili pari.
Максим Гонев
Почитувани,
Ова е мој допринос , за дискусиите на оваа актуелна тема . Поздрав,
=======================================================
КАКО ДА ЈА ПРЕТВОРИТЕ ОТПАДНАТА БИО- МАСА ВО ЗЕЛЕНА ТОПЛИНСКА И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Системот кој е употребен за да се оствари оваа цел , општо познат е како КОГЕНЕРАТИВНО (двојно, истовремено ) произведување на топла вода и електрична енергија од еден ист енергенс , во конкретниов случај , согорлив пречистен гас добиен од одпадна БИО-маса , т.е био-отпад како на пр.земјоделски од житни растенија , овоштатрски , лозов .
Гасификацијата на БИО-масата ( позната и како како ПИРОЛИЗА ) е технологија позната уште пред Втората светска војна и доста користена за време на војната. Но тогашната техника произведувала многу нечист гас , како и течни нузпроизводи кои предизвикувале неприфатливо загадување на животната средина .
Енергетската криза во светот во 1970 год., допринела оваа “ стара “ технологија да се актуелизира , но и да се усоврши според новите еколошки сфаќања , закони и прописи.
Нафтената криза од 1973 и 1979 година , биле голем потстрек оваа технологија дасе усоврши и стане една од светски признатите технологии за ОБНОВЛИВ ИЗВОР не само на електрична туку и на топлинска енергија . Последните години , оваа технологија е надоградена и со произвоство на разладно сретсво.
Пробивот на кинеската економија , допринесе нивните производи со оваа технологија а со атрактивни цени , бидат на врвот на бараните во светот.
Мерките што се превземаат ширум светот во борбата со КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ , со Кјото договорот и договорот , го ставија произвоството на електрична енергија од БИО-маса , во списокот на повластено произвоство на ел.енергија од обновливи извори со највисока откупна цена .
Во споредба со конвенционалното произвоство на ел.енергија во термо централите ,каде ефикасноста е до 40% , кај КОГЕНЕРАТИВНИТЕ ЦЕНТРАЛИ ефикасноста достигнува и до 85% .
Во конкретниов случај од секој килограм БИО- маса со влажност од 10-15% може да се добие повеќе од 1kW електрична и топлинска енергија.
За повеќе информации ( за изработени пректи и производители на опрема ).
Инж. Максим Гонев
Консултант за енергетска ефикасност
Тел. 075/28 99 33 ; 071/490 383 ; e-mail : maksim.gonev@gmail.com