„Ние не сме ја наследиле планетата од нашите предци, туку сме ја зајмиле од нашите деца“ – Moses Henry Cass
Увертира
Во последните неколку денови медиумите беа преполни со текстови околу загаденоста на скопскиот воздух и последиците по здравјето кои граѓаните би ги имале или ги имаат живеејќи во Скопје и неговите приградски населби. Секако, како главни загадувачи се јавуваат индустријата, сообраќајот, домаќинствата кои преку испуштање (емисија) на штетни гасови и материи директно влијаат врз квалитетот на воздухот.
https://www.skopjeinfo.mk/gradot/975048355/skopje-pokrieno-od-temni-oblaci-cad
https://dnevnik.mk/?ItemID=55F3F4F940DA75469375B5AEF5C92F86
Во ред, до тука е јасно. Имаме проблем кој секоја година станува поголем а индустриските капацитети не се зголемуваат правопропорционално со проблемот.
Во што е тајната?
Малку розево
Националниот портал за квалитет на воздухот на Република Македонија, преку 17 мониторинг места ја мери концентрацијата на шест загадувачки супстанци, чија количина може лесно да се отчита од дневните, месечните и годишните графици и извештаи објавени на интернет страната на порталот (https://airquality.moepp.gov.mk/).
Малку реалност
Како пример, на следниот дијаграм се прикажани дневните концентрации на PM10 во Агломерација Скопски регион.
Појаснување:
– агломерација: проширено градско подрачје (Скопје и приградски населби)
– PM10: мали вдишливи честички со дијаметар помал од 10 микрометри
Замисли желба: Скопје, чист воздух
На графикот јасно се отчитуваат дневните концентрации на вдишливите честички во изминатиот месец, иако во описот на графикот стои Часовни концентрации, сепак станува збор за дневните концентрации. Секоја загадувачка супстанца е прикажана на посебен график, а мерните места се прикажани во различни бои.
Во продолжение е индексот за квалитетот на воздух со јасно дефинирани нивоа на концентрација,
SO2 | NO2 | PM10 | PM2.5 | O3 | CO | |
Многу високо | 500- | 400- | 180- | 110- | 240- | 20- |
Високо | 350-500 | 200-400 | 90-180 | 55-110 | 180-240 | 10-20 |
Средно | 100-350 | 100-200 | 50-90 | 30-55 | 120-180 | 7.5-10 |
Ниско | 50-100 | 50-100 | 25-50 | 15-30 | 60-120 | 5-7.5 |
Многу ниско | 0-50 | 0-50 | 0-25 | 0-15 | 0-60 | 0-5 |
Пауза.
Дали тоа значи дека концентрацијата на PM10 е неколку пати над дозволеното?
Акција
На 25. 09. 2011 година, државниот секретар во Министерството за животна средина констатира дека кај „Макстил“ најголем проблем се оџаците.
2013 година. Директорот на државниот инспекторат за животна средина изјавува дека загадувањето од „Макстил“ не потекнува од оџаците, туку од секундарните емисии, кои понекогаш го покриваат цело Скопје.
Трпение
Во 2011 година, „Макстил“ категорично тврди дека поради финансиски причини, нема да може да ги исполни барањата за еколошко приспособување до законско предвидениот рок (април 2014).
На 17. 09. 2013 година, истиот директор на државниот инспекторат за животна средина изјавува дека доколку „Макстил“ не ги исполни барањата до април 2014 година, единствената опција што ќе ја има фабриката е да ја промени технологијата на производство.
Април ќе дојде. Останува на нам да видиме дали ќе имаме еден загадувач помалку.
Проблематично подрачје
„Професорот Ивица Милевски од Институтот по географија истакна дека за аерозагадувањето во Скопје придонесува тоа што фабриките се изградени на лоши места во котлината и не се водело сметка за ветровите, а проблем се и објектите што го спречуваат дувањето на повардарецот, како и Градскиот ѕид и Транспортниот центар.“ (Дневник, 17.09.2013).
Завршен чин
Минатата зима, Скопје беше еден од најзагадените градови.
https://www.plusinfo.mk/vest/25105/ShOKANTNO-Skopje-e-najzagaden-grad-na-svetot
Што не‘ чека оваа зима? Наредната?
Запомнете! Кај и да си, во Скопје да си. Со два – три увезени автомобили.