Некако пред почетокот на грејната сезона се поклопи и фактот дека се приближува крајот на почетокот на целосната либерализација на пазарот на електрична енергија. Она што дојде на крајот е „ситното“ малите бизниси и домаќинствата. Без разлика кој дистрибутер на електрична енергија ќе го изберете, останува фактот дека со почетокот на грејната сезона ќе се зголемат и енергетските трошоци – пред се греењето, но поради скратениот ден и трошоците за осветлување, па поради голем број на празници и трошоците на готвење…..
Како било, останува да се спремиме, поточно да ја зголемиме енергетската ефикасност за да на некој начин ги елиминираме последиците од зголемената потрошувачка, а според најавите од дистрибутерите на електричната енергија и зголемената цена на електричната енергија.
Како да ја зголемиме енергетската ефикасност, повеќе пати пишував(ме) на сајтот, па ќе бидам можеби безобразен па ќе речам искористете ја опцијата за пребарување за да најдете конкретна тема што ве интересира. Но да не бидам до крај безобразен ќе прикажам еден пример на заштеда на електрична енергија на градот Загреб. Поточно се работи за споредба на изолиран, неизолиран и делумно изолиран објект.
Сезоната на греење во Загреб трае исто од октомври па се до април месец. Во тој период неизолиран објект потроши енергија за греење во вредност од 325 kWh поеден метер квадратен. Што тоа значи – една фамилија која што живее во неизолиран објект и која што има лоша дограма потроши околу 5200 литри на мазут или 5473 метри кубни гас.
За истиот период нивните соседи, кој што живеат во објект кој што има иста квадратура, но има добра надворешна изолација ќе потроши скоро 3 пати помалку енергенти поточно 2,7 пати помалку енергенти – 118 kwh/m².
Големи заштеди се прават и со сама изолација на кровот со 20 cm топлинска изолација. Низ неизолиран покрива може да се загуби и до 30% на топлина. Сметката покажува дека потрошувачката на енергија изнесува 196 kwh/m².
Уште подетално во следната табела:
Куќа 160m2 приземје + поткровје | Потрошувачка на енергија за греење kwh/m2 годишно | Природен гас (m3) | Мазут (l) | Пелети(kg) | Дрво (m3) | Електрична енергија (kwh) |
Неизолиран објект | 325 | 5.473,68 | 5.200 | 10.612 | 28,1 | 52.000 |
Само покрив s 20 cm изолација | 196 | 3.301,05 | 3.136 | 6.400 | 16,9 | 31.360 |
Само изолација на ѕидовите 10 cm | 214 | 3.604,21 | 3.424 | 6.987,7 | 18,5 | 34.240 |
Само изолација на подот 8 cm изолација | 310 | 5.221,05 | 4.960 | 10.122,4 | 26,8 | 49.600 |
Нови прозорци | 308 | 5.187,37 | 4.928 | 10.057,1 | 26,6 | 49.280 |
Изолација на ѕидови со 10 cm и изолација на покрив 20 cm изолација | 118 | 1.987,37 | 1.888 | 3.853 | 10,2 | 18.880 |
Извор: https://www.tportal.hr/biznis/gospodarstvo/221080/Pogledajte-koliko-ustedite-na-grijanju-izolacijom-kuce.html
3 Comments
Sasa
Во прилог на изолација на куќата е исто така важно да инсталирате Windows.
Nina
Krajnje je vreme da energiju pocnemo da koristimo racionalno, da je ne rasipamo. Cuvamo planetu, i novcanik.
termoblok.mk@hotmail.com
Сличен производ на Ytong >Termoblok Tula Која не содржи радиоактивни состојки , односно е составена од Кварцен песок , цемент , индустриска пена. Цената е 70 евра по м3 .
За повеќе информации https://termoblok.com.mk/ или 077 900 345 .
За веродостојност на овие информации ги имаме сертификатите кои се направени во стара загора во бугарија како и многу сајтови од русија , украина , германија( пена бетон ) .
Веќе е започната употребата на овој производ на неколку локации низ македонија како што се спортски сали (владините проекти ) и приватни објекти