Пред само неколку години, неонското осветлување беше најисплатливиот избор за потрошувачите кој бараа замена за стандардните сијалици.
Меѓутоа, како што квалитетот на ЛЕД светилките се подобрува и нивните цени се намалија, произведувачите и трговците потполно се откажаа од тој избор. Сега индустрискиот гигант General Electric отиде чекор понатаму и кажа збогум на неонските светла и заштедата на енергија од компактните флуоресцентни светилки – CFL. Компанијата најави дека ќе престани со производството и продажбата на овие светилки во САД до крајот на годинава.
“Сега е време да се премини од CFL на LED”, Вели Џон Стрејник, одговорно лице за оперативните потрошувачи и конвенционалното осветлување.
Неонските сијалици беа првите силајилици со заштеда на енергија и првата алтернатива на стандардните сијалици, кои повеќе не ги исполнуваат владините стандарди за енергетска ефикасност во САД и во многу места во светот.
Сепак, корисниците се жалеа на квалитетот на светлината. Исто така, за нив потребно е повеќе време да се загрее.
ЛЕД сијалиците биле поскапи и коштале околу 30 долари, но новата технологија секогаш ги наоѓа своите потрошувачи. Со текот на времето цената падна под 5 долари. Како резултат на тоа купувачите се повеќе се определуваат за ЛЕД.
На полиците во големите маркети има се помалку CFL светилки, меѓу нив е Волмарт а Икеа усште претходната година потполно ги напушти CFL и премина на ЛЕД.