Новиот зелен закон во Франција, наложува поставување на соларни панели или садење растенија на дел од покривите на сите нови згради кои ќе се изградат во комерцијалните области.
Зелени покриви, како што се нарекуваат, а кои веќе се и добро познати, имаат одличен ефект како изолација, со што се намалува потребата од енергија за загревање на зградите во зима, или ладење во лето. Нивна карактеристика е исто така и задржување на дождовната вода и ги намалуваат проблемите со претекувања на вода за време на силни дождови или при паѓање на големи количини на снег. Од друга страна, пак, зелените покриви се одлично место каде птиците можат да се чувстуваат како дома во среде урбана џунгла.
Француските активисти за заштита на животна средина, најпрва сакале да наметнат закон кој ќе налага целосно покривање на покривната површина на сите нови покриви.
Но сепак, и делумно зелено покриени покриви е одличен почеток, како и огромен чекор во правилна насока.
Некои велат дека всушност со овој закон се обезбедуваат подобри услови за сопствениците на бизниси – давајќи им шанса да постават соларни панели и да помогнат во снабдување на зградите со обновливи извори на енергија, со што се оставаат и помали негативни последици врз животната средина.
Зелените покриви се веќе многу популарни во Германија и Австралија, како и во Канадскиот град Торонто. Правилото за поставување на зелени покриви на сите индустриски и станбени згради во Торонто важи уште од 2009 година, одамна нели?
Извор: csglobe.com